18 Мај, 2024
0.0500

Какви се прогнозите за Вол Стрит оваа седмица?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

По две седмици пад на акциите, на Вол Стрит неделава пооптимистички прогнози. За оваа седмица се прогнозира благ раст на цените на акциите бидејќи очекувањата на вложувачите поврзани со макроекономските податоци од најголемите светски економии oстануваат слаби, па секое позитивно изненадување ќе го придвижи растот на пазарите. Индексот Дон Џонс, минатата седница падна за 1,1 %, на 13.437 бода, додека S&P 500 за се намали 1,3% на 1.440 бода, a Nasdaq индексот 2 %, на 3.116 бодови.Во третиот квартал S&P 500 индексот порасна 5,%, a врвот го достигна во средината на септември. Сепак,  поради слабеењето на најголемите светски економии, како и претпазливоста на компаниите поради влошувањето на условите за работа и неизвесноста од шпанската криза, акциите забележаа пад две недели по ред. Оваа седмица многу податоци ќе влијаат на берзите. Денеска ќе биде објавено известувањето за ПМИ индексот за Кина, кој ќе покаже дали и понатаму слабее индустријата во оваа држава. Американскиот институт за менаџери треба да ги објави податоците за индустриската активност на САД, а до среда и за услужните дејности. Се очекува благ пад и во двата сектора. На пазарите дополнително ќе влијаат и податоците за невработеноста во САД, кои треба да се објават до петок. Се проценува дека во септември стапката на невработеност можно е да порасне од 8,1 на 8,2%. И шпанската криза останува актуелна. Минатонеделните протести против мерките за штедење ги поттикнаа приносите на шпанските обврници што негативно влијаеше на пазарите. За четврток, закажана е седницата на членовите на Европската и Британската централна банка, а од ЕЦБ се очекуваат нови детали за програмата за купување државни обврзници на државите од еврозоната.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа