19 Мај, 2024
0.0255

КАКВИ САНКЦИИ СЛЕДАТ: Илон Маск со една постапка го урна угледот на Тесла?

Објавено во: Економија 29 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Aмериканската Комисија за хартии од вредност го тужи милијардерот Илон Маск пред Федерален суд поради твитовите за приватизацијата на Тесла и повлекувањето од берза на акциите на оваа компанија.

Маск ја нарече тужбата ,,неоправдана”.

„Овој неоправдан потег на СЕЦ длабоко ме огорчува и разочарува. Секогаш работев во интерес на вистината, транспарентноста и вложувачите. Интегритетот е најважна вредност во мојот живот и фактите ќе покажат дека тоа никогаш на каков било начин не сум го компромитирал“ - истакна Маск.

Тужбата следи по само два месеци откако во август,  Маск на Твитер објави дека размислува да ги повлече од берза акциите на компанијата Тесла. Тој објасни и дека инвеститорите го подржале неговиот план , а акционерите ќе добијат 420 долари за акција. Тоа е за една петтина повеќе од моменталната цена.

Маск на Твитер свесно ја лажел јавноста, затоа што ниту еден од инвеститорите не зборувал за повлекување на Тесла од берзата.

Најлошиот исход од ваквата тужба би бил огромна казна и забрана да биде на чело на компанијата или на која било друга компанија која котира на берзата во САД.

Од Тесла засега немаат одговор како би постапиле во случај да се реализира тужбата. Покрај угледот на компанијата, со случајот е загрозен и угледот на милијардерот. 

Маск се соочува со тужба од нуркачот, кој ги спасуваше децата од пештерата во Тајланд, а милијардерот го нарече педофил. 

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија