18 Мај, 2024
0.0289

Каква ќе биде судбината на Скопје 2014?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Комплетна ревизија на проектот Скопје 2014 и промена на деталниот урбанистички план Мал Ринг -ова според архитектите треба да биде првиот чекор на новата Влада во однос на како што велат санирање на штетите од овој проект. Но за овие потези се потребни стручни дебати составени од архитекти, урбанисти и инжинери. 

„Искрено се надевам дека конечно дојде моментот кој ќе овозможи  реално справување со на прв поглед нерешливиот проблем Скопје 2014. Се досега се сведуваше на апели, спорадични обиди, пароли, паушални изјави и проценки, па и политчки поени. Но тоа помина. Сега треба да се работи многу и стручно. Мора да се организира стручна дебата и потоа состави внимателно одбран тим од урбанисти, архитекти и инженери по сите фази. Овој тим треба да биде ангажиран и платен од Владата,  добие проектна задача и временски рок. Тимот треба да работи заедно како еден вид на проектантско биро,  исклучиво и посветено на проектот Скопје 2014, не консултантски него со конкретни решенија. Да се направи комплетна ревизија на целиот проект за архитектура, урбанизам и останатите фази. Да се изработи нов ДУП на Малиот Ринг. Да се направат проекти за рушење и за евентуално преобликување на изградените објекти. Да се направат проекти за нови објекти кои предходно ќе бидат предвидени со новиот ДУП. Се разбира и да се измени Законот за градење кој често се менуваше се со цел да се реализира проектот Скопје 2014, “ вели архитект Сања Раѓеновиќ Јовановиќ .

Дополнително според архитектите новата Влада треба да ја лоцира вината на сите оние кои учествуваат во реализацијата на овој проект, па друи и да им се одземат овластувањата за работа. 

„Мора да се лоцира вината по сите нивоа на сите вклучени во злосторот наречен Скопје 2014. Секој треба да сноси поединечна одговорност, не колективна. Да се утврди кој е идеологот на целата работа и како нарачувал менување на закони и ДУП-ови, кој составувал проектни програми, кој издавал одобренија, кои урбанисти се извршители, кои хидроинженери дозволија интервенција во коритото на Вардар, кои архитекти се проектанти на идејни, но и на основни проекти, кои инжинери по фази се соучесници во проектот итн. На сите треба да им се одземат овластувањата за работа. Како што знаете ААМ неколку пати се обрати до Комората за одземање овластувања на архитектите учесници во Скопје 2014, во се према Законот за градење, Статутот на Комората и Кодексот на Комората, но безуспешно. Се надевам дека конечно овластувањата ќе се одземат. Се плашам дека кога ќе почне клопчето да се одмотува изненадувачки голем број инженери ќе се појават вклучени на овој или оној начин, но мораме конечно да се погледнеме во очи. Овде не се работи за реваншизам, се работи за стручост и професионална етика. Мораме да научиме да разликуваме професионалци од импровизатори“, вели Раѓеновиќ Јовановиќ .

Каква ќе биде судбината на Скопје 2014?

Архитектите укажуваат дека проектот Скопје 2014 остави длабоки лузни не само кај граѓаните туку и во архитектурата. Порачуваат дека е потребна итна измена на визулениот изглед на градот. 

„Од новата влада очекувам многу брзо да се спроведе мораториум на Скопје 2014. Но се треба да биде чекор по чекор. Првиот чекор е таа аналитика која мора да претходи на секоја сериозна одлука. Дали тоа ќе бидат студии или превреднување, социолошки, културолошки, дали ќе разговараме за девастираниот простор и што со него, но тоа е една етапна реализација со која што ние не ќе можеме да го избришеме она што е запишано во колективната меморија. Ќе останат траги и лузни но барем да го смениме тој визулен хоризонт. Мојата сугестија е да се распишат конкурси заради компетитивност и други аспекти, заради внесување на еден модернизам, едно ново време и заради добивање на една нова архитектура. Просторот мора да се рехабилитира ваков каков што е не смее да остане“, вели архитект Даница Павловска-Циги. 

Но и процесот на промени треба да биде претходно анализиран од стручни дебати, посочуваат архитектите за да се види што и како може да се менува од фасадите, што може да се дислоцира од спомениците и крајно колку пари ќе чини тие. Во дебатите според архитектите треба да бидат вклучени и граѓаните.

„Се се тоа интервенции од различна категорија кои треба допрва да се осмислат. Ние мора да бидеме рационални да знаеме што треба и мора да се задржи, а што треба и можи да се отстрани, што може да претпри реархитектура и реурбанизам.Таквото сознание, таквата сигурност во решение бара и време и пари, и тие фактори ќе одлучат по кој редослед се ќе се одвива. Едно е сигурно дека се ќе добие една проверка во јавноста, мора да има јавни презентации и дебати, граѓаните мора да знаат што се случува во Скопје. Се е можно па и враќање на ликот. Мислам дека можат да се поправат работите за они кои може, треба да се пристапи кон тоа одговорно како кон една сензибилна материја и полека низ сите процедури со правниот и урбанистичкиот систем да се провлечат тие одлуки и да го рехабилитираме тоа што е останато. Самите споменици и нивната дислокација треба да бидат посебен сегмент оти се директно врзани со уметнички израз кој треба да се провери. Има компетентни луге кои што ќе одлучат што е за каде и колку. Тоа е исто толку одговорно како и интервенциите за реахитектурата, за фасадите но е врзано за одредени локалитети, партерни уредувања и секој од нив треба да биде  тема на истражување. Во однос на бенефитите за она што ќе се добие со тој процес, малку пари се во прашање, тоа е ситна структура но со многу големо значење“, вели Павлоска-Циги.  

Според Раѓеновиќ-Јовановиќ, рехабилитирањето на просторот ќе одземе време и пари, но тоа е единстевн начин да се покаже зрелост и државотворност.

„Јас знам дека ние сме сиромашна држава и дека ова не чинеше скапо, дека ова што го зборувам е исто така прескапо. Дека е потребно многу време и пари да се спроведе. Знам дека зборот рушење е најмалки популарен кај секоја политичка гарнитура. Но ние немаме друг избор ако сакаме да покажеме зрелост и државотворност. Ако сакаме децата да не поверуваат дека во Македонија лав е домашно животно“, вели  Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Според архитектите промената треба да започне со враќање на првобитниот изглед на фасадата на зградата на Владата. За барокната фасада на овој Владата на Никола Груевски од буџетот, според проценките, потроши 16 ипол милиони евра и плус 700.000 евра за оградата од ковано железо. Објектот на Владата на Р. Македонија е изграден според конкурсен проект на проф. Петар Муличковски, а по неговото завршување дополнително е награден со две награди  “Борбина плакета“ (1970) и награда “11 Октомври“ (1970).

„Уште еднаш да повториме, објектот на Владата на РМ претставуваше антологиски пример на модерната архитектура во поширокото подрачје на југо – источна Европа. Изграден е според првопласиран проект добиен како резултат на општо југословенски / меѓународен конкурс. Се ова е лектира која би требало секој жител на Македонија да ја знае, а особено оние кои се одговорни за раководење на држава. За хипокризијата да биде уште поголема проф. Петар Муличковски пред 3 години доби и награда за животно дело “Борис Чипан“ која ја доделува Комората на овластени архитекти и инженери. Во образложениото за наградата, меѓудругото посебен акцент беше ставен на објектот на Владата, кој за жал во тој период веќе беше преобликуван. Се разбира дека овој објект без никаква дилема треба да биде вратен во својата оригинална состојба“, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Од СДСМ најавија дека дека за проектот ќе биде консултирана стручната фела преку јавни дебати. Мандатарот за состав на идната Влада, Зоран Заев, посочи дека нема да има дополнителни трошоци од Буџетот за промена на фасади или рушење на објекти од проектот „Скопје 2014“. Единствено, можно е одредени споменици од главниот град да се преместат низ останатите градови од земјава. Фасадите за сега ќе останат непроменети, а дел од објектите, како што рече Заев, ќе бидат пренаменети за други потреби.

Владата на ВМРО ДПМНЕ пред години кога го промовираше проектот првично најави дека релизацијата на Скопје 2014 ќе чини 80 милиони евра. Од тогаш досега проектот секоја година се надградуваше со нови тендерски договори, анекси, нови фасади, објекти, споменици, фонтани, скулптури. Цената на Скопје 2014 десет гоидни подоцна скокна на речиси 700 милиони евра, народни пари. 

Т.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа