02 Мај, 2024
0.0268

Како „Жито Лукс“ ја зголеми добивката 6 пати за три месеци?

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Од јули до септември добивката на „Жито Лукс“ пораснала за 23,4 милиони денаридостигнувајќи 27,8 милиони денари. Компанијата во овој период ги зголемила приходите од продажба на речиси 5 милиони евра. Од објавеното се гледа се значајните параметри се позитивни, но главен предизвик остануваат високите расходи за камати

Најголема скопска компанија за производство на леб и пецива „Жито Лукс“ во третиот квартал ја зголеми добивката за 6 пати во споредба со првите шест месеци, покажуваат официјалните податоци што таа компанија ги објави на Македонската берза. На крајот на септември нето добивката изнесува 27,8 милиони денари и е повисока за 23,4 милиони денари во однос на профитот остварен до крајот на јуни годинава. Добивката на „Жито Лукс“ бележи раст од 18 отсто и во споредба со првите девет месеци лани..

Приходот од продажба е речиси 5 милиони евра за три месеци!

Податоците од билансот на успех покажуваат дека „Жито Лукс“ во периодот јули-септември има приходи од продажба кои изнесуваат 298 милиони денари што е значаен раст во споредба со тромесечниот просек остварен за првите два квартали кој изнесува 261,2 милиони денари. Вкупните приходи од продажба на „Жито Лукс“ за првите девет месеци достигнаа 820,9 милиони денари и во споредба со истиот период лани се повисоки за 3 отсто. Домашната продажба исто така бележи раст за 3 отсто до ниво од 785,8 милиони денари. Оперативната добивка за првите девет месеци е 53,2 милиони денари и бележи раст од 6 отсто во споредба со лани.

Оперативната добивка за три месеци порасна пола милион евра!

Многу е значајно тоа што во периодот јули-септември оперативната добивка пораснала за 31,9 милиони денари во споредба со првото полугодие годинава е фантастичен раст од 150 отсто. Во споредба со истиот период лани оперативната добивка бележи раст од 3 милиони денари односно 6 отсто.Од достапните јавни податоци се гледа дека компанијата вложила 185,3  милиони денари во продажба и маркетинг односно дистрибуција на нивните производи. Тоа е 14 милиони денари повеќе од претходната година и укажува на тенденција дека менаџментот на „Жито Лукс“ маркетингот и дистрибуцијата ја гледа како значајно средство за зголемување на приходите од продажба.

Финансиските расходи со тренд на благ пад

Финансиските расходи на „Жито Лукс“ и годинава се значителна расходна ставка на таа компанија. За првите девет месеци нивното ниво е 26 милиони денари и за три месеци се зголемени за 9 милиони денари што е повеќе од кварталниот просек за периодот јануари – јуни. Сепак во споредба со лани забележливо е мало, но значајно намалување на овие трошоци кое изнесува 1,5 милиони денари односно 5 отсто. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?