19 Мај, 2024
0.0257

Како „Жикол“, „Голден Арт“, „Адора“ и Настел“ вртат милионски профити?

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Милонски суми од остварен профит од продажба бележат четирите големи градежни компании „Жикол“, „Голден Арт“, „Адора“ и Настел“.

„Жикол“ останува најголем во конкуренцијата со приход од продажба кој надмина 27 милиони евра. „Адора“ лани ги зголемила приходите и добивката, но отпуштила 135 вработени и го намалила нивниот број за една третина. „Настел“ иако со најмал приход од продажба благодарејќи на големиот пад на расходите бележи одлична добивка која изнесува 83 отсто од приходите! Во големата четворка е и „Голден арт“ кој го зголемил приходот од продажба за 69 отсто, а добивката за 293 отсто која и покрај тоа таа е најниска во споредба со конкуренцијата.

Четирите најголеми градежни компании на кои најзначајна дејност им е градба и продажба на станови лани оствариле приходи од продажба во износ од 4,33 милијарди денари односно 70 милиони евра, покажуваат официјаните податоци од билансите на градежните компании: „Жикол“, „Голден Арт“, „Адора“ и Настел“, кои се достапни во Централниот регистар на Македонија.

Милионски профити на Адора, Настел, Голден арт и Жикол: Колку е реалната цена за м2 ?

Четирите компании заедно оствариле добивка од безмалку една милијарда денари односно 16 милиони евра!

Најголем играч на градежниот пазар (освен гигантите „Гранит“, „Бетон“ и „Бетон Штип“) е струмичката компанија „Жикол“. Приходот од продажба на оваа фирма лани е 1,696 милијарди денари односно 27,44 милиони евра и е речиси на исто ниво како и во 2016 година. Тоа значи дека во последниве две години „Жикол“ е суверен на градежниот пазар меѓу конкурентите: „Голден арт“, „Адора Инженеринг“ и „Настел“. Нето добивката на „Жикол“ лани е 287,1 милиони денари односно 4,65 милиони евра. Оваа компанија која освен станбени деловни единици се занимава и со инфраструктура и нискоградба лани вработувала 525 вработени односно 30 повеќе од 2016 година.

Вториот по големина учесник на пазарот „Адора Инженеринг“ лани го намалил бројот на вработени за 135 лица односно , според официјалните податоци на ЦРМ, компанијата лани отпуштила 34 отсто од вработените што ги имале во 2016 година, а нивната бројка изнесувала 401 лице. „Адора“ лани има приходи од продажба кои достигнале 1,518 милијарди денари, а тие во однос на 2016 година се зголемени за 93 отсто. Но во исто време залихите на компанијата се намалени за 286 милиони денари. „Адора“ лани остварила добивка од 333,4 милиони денари и таа е поголема за 250 отсто во однос на 2016 година.

Трет е „Голден Арт“ според остварените приходи од продажба кои изнесуваат 718,9 милиони денари и во однос на 2016 година бележат зголемување за 69 отсто. Добивката на „Голден арт“ лани е 115,6 милиони денари и бележи раст за 293 отсто, а истовремено и обврските на компанијата пораснале за 9 отсто до ниво од 1,42 милијарди денари. Истовремено залихите пораснале за 150 милиони денари. “Голден Арт“ лани го зголемил бројот на вработени з1 1 лице и тој изнесува 41 вработен.

Најмал според приходи е „Настел“ и тие лани изнесувале 307 милиони денари, а паднале за 44 отсто. Расходите на „Настел“ исто се значајно намалени и тоа за 79 отсто до 122 милиони денари. Добивката на компанијата пад солидно прогресирала и таа изнесува 254,6 милиони денари. Бројот на вработени се зголемил за 40 отсто до 28 лица, а во исто време растеле и залихите и обврските на таа градежна компанија.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа