17 Мај, 2024
0.0279

КАКО ЗАВРШИ БАНКАРСКАТА 2016: Пик на потрошувачките кредити!

Објавено во: Финансии 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Крајот на банкарската 2016 година завршува со раст на кредитната активност и кај фирмите и кај граѓаните. Последниот месец од ланската година ја зголеми потрошувачката, во пресерт на новогодишните празници. Од Народната банка ги објавија најновите оценки за финишот на 2016 година, кој упатуваат на зголемено кредитирање повисоко од очекувањата.

“Податоците за кредитниот пазар во декември се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор. Кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6% е над проектираната“ , велат од Народната банка.

За периодот октомври-ноември вкупните кредити бележат мало намалување, додека октомвриската проекција за четвртиот квартал на 2016 година предвидува кредитен раст од 6.192 милион денари, односно од 100,6 милони евра.

“Во ноември, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 1,3% и се над проекцијата за последниот квартал“ - наведуваат од НБМ.

Вкупна кредитна изложеност од 4,4 милијарди евра ...

Потршувачките и станбените кредити останаа најатрактивни за населението и во 2016 година. Заклучно со ноември, граѓаните по сите основи на банките должеле скоро 2,1 милијарди евра. Најголем дел од овој долг отпаѓа на потрошувачките кредити.

“И покарај вкупната неизвесност поради политичката криза, и во годината што измина беше регистрирана зголемена побарувачка за потрошувачки кредити. Во одредени период беше регистриран тренд на еден вид воздржаност, но сепак имаше раст на побараувачката кај овој вид на кредитни пакети. Секако, во пораст беа и станбените кредити, за кои банките нудат актрактивни камати“, коментираат банкари од една од водечките  банкарски групации за “Фактор“.

Според последните расположливи порадоци за ноември, по основ на потрошувачки кредити, населението должи 1 милијарда евра а по основ на станбени кредити повеќе 551 милион евра. Растот кај овој вид на понуда го нотираше и НБМ.

“Анализирано според намената на кредитите, кај потрошувачките и станбените кредити одборени на физички лица, и овој месец е остварен месечен раст од 1,0% и 0,9%, соодветно, при остварен идентичен годишен раст од 14,2%“ - велат од централната банка.

Забавување има кај автомобилските кредити, и по овој основ вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува околу 5 милиони евра.

“Кај автомобилските кредити бележиме пад на кредитната активност како на месечна основа ( за 1,3%) така и нагодишна основа ( за 21,6%)“ - констатира аналитиката на НБМ.

Во ноември, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,4 милијарди евра и во споредба со јануари, 2016 година има намалување за 25,8 милиони евра. На годишно ниво е регистриран пораст.

“Годишниот раст на вкупните кредити, во најголем дел произлегува од растот на денарските кредити и денарските кредити со валутна клаузула, додека придонесот на девизните кредити се намали“ - нотира НБМ.

Во валутната структура, со 3,3 милијарди евра доминаираат денарските кредити а скоро 800 милиони евра се кредити со девизна клаузула. .

“Резултатите од Анкетата за кредитната активност во однос на очекувањата на банките за четвртиот квартал упатуваат на натамошно олеснување на вкупните кредитни услови и кај двата сектора, при умерено нето -зголемување на побарувачката кај двата сектори, односно и за домаќинствата и за граѓаните“ - велат од Народната банка.

Заклучно со единаесеттиот месец од 2016 година, кредитната задолженост на фирмите изнесувала 2,3 милијарди евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!