05 Мај, 2024
0.0246

Како „Стопанска банка Скопје“ заработува од камати 164.400 евра дневно?!!!

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Најпрофитабилната банка од големата тројка во првиот квартал годинава направи профит од 11 милиони евра за 3 месеци. Нето приходите од камати се за 4 отсто повисоки од реализацијата во истиот период лани и изнесуваат 15 милиони евра!

„Стопанска банка Скопје“ има извонреден квартал во кој оствари добивка од 15 милиони евра односно 912,9 милиони денари, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на една од најголемите три банки во земјава. Уште еднаш се покажа дека најдобрата стратегија е тоа што оваа банка прва меѓу конкуренцијата одбра да напаѓа, освојува клиенти –домаќинства и физички лица и да ја одржи таа пазарна позиција. Револуцијата што ја направија пред петнаесетина години со ОК кредит најлесно достапен и со највисока камата им овозможи одлична бесплатна реклама заради достапноста на тој продукт од кој и денеска солидно се полни нивното „чекмеџе“. 

Факт е дека оваа банка прва започна да го освојува и го запоседна пазарот на кредити за физички лица заради што и до ден денеска е неприкосновена. Резултатот е видлив и годинава. За првиот квартал оваа банка има приходи од камати во износ од 1,112 милијарди денари што само за 8,7 милиони денари помалку од истиот период лани. Но, заради значајно снижените расходи за камати банката има подобар скор на нето каматна основа од лани. Расходите за камати годинава изнесуваат 199 милиони денари и се за 44,5 милиони денари пониски од истите во првиот квартал лани. Тоа е „кастрење“ од 18,3 отсто. И токму тие 44,5 милиони денари заштеда се клучниот факт заради кој оваа банка има раст на нето добивката во споредба со истиот период лани за 3 отсто.

„Стопанска банка“ успеала да ги зголеми и своите приходи од втората приходна ставка надоместоците и провизиите. Тука банката има нето прилив од 236,7 милиони денари што е за 8,7 милиони денари повеќе од лани. Можеби се намалени провизиите и надоместоците, а зголемен прометот и бројот на клиенти? Или пак поскапеле банкарските услуги, но клиентската база е толку голема што дозволува таков маневар? Која и да е од двете опции, банката е добитна.

Важно е да се истакне дек има зголемување на резервациите за кредитните пласмани на банката и тоа до ниво од 133,7 милиони денари што е раст за 9,7 милиони денари во однос на истиот период лани. Трошоците за вработени изнесуваат над 3 милиони евра односно 192,2 милиони денари за еден квартал. Тие се дури и пониски од лани за 1,3 милиони денари. Многу важен податок за акционерите и за сите инвеститори на пазарот на капитал е тоа што оваа банка успева во континуитет да одржи многу ниско ниво на загуба поради оштетување на нефинансиски средства. Тој износ на крајот на март е 9,2 милиони денари и во однос на лани бележи пад за 3,1 милиони денари што е намалување за 25 отсто. Тоа покажува дека оваа банка успешно ги менаџира и одржува многу ниски расходите што се создаваат заради намалување на вредноста на нефинансиските средства кои банката ги има за ненаплатени побарувања. Тоа значи две работи: или добро ги наплаќа своите побарувања и има многу малку нефинансиски средства кои ги превзема или пак успева брзо и по добри цени да ги отуѓи нефинансиските средства кои ги зема за ненаплатените побарувања.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?