18 Мај, 2024
0.0410

Како Стопанска Банка АД Скопје ќе ја распредели добивката од 36 милиони евра?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Стопанска Банка АД Скопје по усвојувањето на годишната сметка и финансиските извештаји за 2016-та донесе одлука оданочената добивка од нешто над 36 милиони евра да ја подели на акционерите, а дел да ја префрли во акумулираната распределена добивка.

Според одлуката на Собранието на акционери на Стопанска Банка АД Скопје имателите на приоритетни акции ќе добијат дивиденда вредна 2,5 милиони денари или 11 денари бруто износ по акција.

- Дивидендата по приориретни акции се утврдува во висина на каматата на средствата (штедните влогови) на населението орочени на една година, зголемена за соодветниот процентен поен кој се утврдува со Одлуката за каматни стапки на СБ донесена од Комисијата за управување активата и пасивата на СБ. Од март 2006 година наведената каматна стапка се утврдува на 1 процентен поен. Истиот начин на пресметка на дивиденда беше применет и во текот на 2016 година. Основноциата на дивидендта е износот од 90,9 милиони денари, односно 227.444 приоритетни акции со номинална вредност од 400 денари по акција, соопштуваат од Стопанска Банка АД Скопје преку Македонска берза.

Драстично повеќе ќе добијат имателите на обични акции на Стопанска Банка АД Скопје кои ќе распределат дивиденда која ќе изнесува 2,2 милијарди денари. Бруто дивидендата ќе изнесува по 127 денари од акција, а исплатата ќе започне од 30 јуни со тоа што последен ден на тргување со право на дивиденда е 12 јуни, а прв ден за тргување без право на дивиденда е на 13 јуни. Вкупниот број на обични акции изнесува 17.460.180.

Преостатокот од добивката на Стопанска Банка АД Скопје кој вреди 22,3 милиони денари ќе биде распределен во акумулирана добивка. Одлуката за распределба на добивката е предложена од Надзорниот и Управниот одбор, како и од Собранието на акционери на Стопанска Банка АД Скопје.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа