18 Мај, 2024
0.0358

Како се променил најголемиот пазар на злато во последните 350 години?

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Следната недела во Сингапур претстои средба на најголемите претставници во производството и трговијата со благородни метали. Една од водечките теми на неа ќе биде како ќе се промени пазарот во Лондон по „Брегзит“.

Финансискиот центар е најголемиот пазар на злато, а се очекува во Сингапур да стане јасно дали ќе има некакви иновации на берзата, каде што речиси ништо не се менувало во последните околу 100 години.

Од Лондонската асоцијација на учесниците во пазарот на скапоцени метали објавија интересна хронологија на најголемите настани околу трговијата на жолтиот метал за последните 350 години. И англиската престолнина има водечка улога во нив:

1676-та

Тогаш Мојсеј Моката го преселува бизнисот за испорака на злато од Амстердам во Лондон и почнува да работи со East India Co. Тој создава фирма која се претвора во првиот член на лондонската берза за скапоцени метали. Денес наследникот на компанијата се нарекува ScotiaMocatta и е дел од Bank of Nova Scotia.

1717-та

Како шеф на „Royal Mint“ (Кралскиот монетен двор), англискиот физичар и филозоф Исак Њутн нуди решение, според кое златото се тргува по 4,75 фунти за унца. Металот се продава по оваа цена во следните два века. Денес златото чини околу 1.033 фунти за унца.

1817-та

„Royal Mint“ ги пушта првите златни платежни средства кои ги заменуваат гвинеите - монети, еквивалентни на околу една четвртина унца злато.

1871-та

Централната банка на Велика Британија започнува да прифаќа прачки злато од 400 унци, каков е светскиот стандард и денес. Претходно тие беа по 200 унци.

1919-та

Тогаш за прв пат се воведува курс на златото. Според системот, воведен тогаш, банките се договараат меѓу себе по телефон за цената секој ден.

1934-та

САД воведуваат курс на жолтиот метал од 35 долари за унца.

1987-та

Централната банка на Велика Британија ја создава Лондонската асоцијација на учесниците во пазарот на скапоцени метали. Организацијата го претставува пазарот на злато и сребро на Островот.

2014-та и 2015-та

Среброто станува првиот благороден метал, чиј курс почнува да се покажува онлајн. Подоцна кон таков преминуваат и платина, паладиумот и златото.

2016-та

Лондонската берза за метали, Светскиот совет за златото заедно со група банки и трговски компании го создаваат LMEprecious, кој треба да

претстави нови златни и сребрени фјучерси во првата половина на следната година.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат