02 Мај, 2024
0.0264

Како сами да си направите енергетски пијалок

Објавено во: Стил 19 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Енергетскиот пијалок ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата и да се освежите. Еве како да направите домашен енергетски пијалок.

Потребно ви е: - Шолја вода - Исцеден сок од половина лимон - Исцедено сок од половина зелен лимон - Сок од еден портокал - Лажица мед - Малку морска сол - Половина лажичка масло од кокос - Половина лажичка јаболков оцет - Половина лажичка екстракт од ванила - Малку ореви По желба можете да додадете две капки  етерично масло од лимон, зелен лимон, портокал и нане. Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и добро соединете ги. Истурете ги во шише и пијте ги за време или после вежбање, или во мали голтки во текот на денот кога сте настинати или чувствувате  дека немате енергија.