02 Мај, 2024
0.0292

Како сами да направите египетска депилација?

Објавено во: Стил 21 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Египетската депилација е најстара метода за остранување на несаканите влакна, а последниве неколку години повторно е популарна. Овој начин на депилација е најдобар за осетлива кожа, бидејќи не предизвикува црвенило и иритација и делува антиалергиски. Освен тоа, египетската депилација е најпрепорачувана депилација и за осетлива кожа на лицето и препоните.

Шеќерната паста се лепи само за влакната, но не и за кожата и затоа третманот не е болен. Истовремено ги остранува и мртвите клетки на кожата, делува како плинг, затоа кожата е свленкава и мека. Египетската депилација ги решава и подкожните влакна, а резултатот на депилацијата трае од 4 до 6 недели.

Како да направите паста

Смесата која ќе ја добиете можете да ја користите повеќе пати. Шеќерот е еден од најдобрите природни конзерванси кои го спречуваат формирањето и развојот на бактерии и потполно е хигиенски и со неограничен рок на употреба.

Потребно е :

2 шољи шеќер, четвртина шоља вода, четвртина шоља лимон, 1 мала лажица мед.

Подготовка:

Шеќерот истурете го до врвот на шољата и потоа ставете го во мало тенџере. Повторете ја постапката со другата шоља. Подгответе ги другите состојки: исцедете го лимонот и процедете го со помош на газа, наместо лимон можете да користите лимонска киселина. Ќе ви биде потребно четвртина шоља лимонов сок и иста количина вода. На ниска температура растопете го шеќерот. Додека смесата е густа додајте лимон и вода. Правете го на ниска температура додека не добиете црвенкаво – златна боја ( отприлика 5-10 минути ). Изгаснете го шпоретот и мешајте додека пената ја снема. Смесата ставете ја во стаклен или керамички сад.

Како сами да ја употребите египетската депилација

Оставете ја смесата да се олади, ама не прмногу. Можете да нанесете мал дел на внатрешноста на подлактицата за да проверите дали смесата не е претопла. Земете од шеќерната паста во димензија на мал орев и со раката обликувајте топки. Потоа пастата ја развлекувате со прстите додека не добие облик на растегната мастика. Шеќерната паста нанесете ја со рацете на посакуваниот дел во насока спротивна од природниот раст на влакната. Пастата тргајте ја малку по малку со енегични движења во насоката на растот на влакната . Кога ќе го отргнете целиот слој, истата паста пак обликувајте ја во топка и нанесете ја на ново место на кожата каде што сакате да ја депилирате. Кога пастата ќе омекне и нема да можете да ја тргнете со движење на рацете, смесата остранете ја со топла вода или депилацијата продолжете ја со памучни траки. Доколку пастата е премногу тврда, разредете ја со прсти или садот ставете го во топла вода неколку минути , а доколку е премногу мека оладете ја во фрижидер. За идеални резултати, кожата мора да биде чиста и сува.