29 Април, 2024
0.0262

Како работат и колку печалат друштвата што управуваат со македонските инвестициски фондови?

Објавено во: Финансии 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Младата мала и кревка индустрија на институционални инвеститори во Македонија годинава бележи добри дури и солидни резултати. Три друштва кои управуваат со отворени инвестициски фондови: КБ Публикум, ВФП Фонд менаџмент и КД Фондови 2016 година ја завршија со добивки. Мали, но значајни особено затоа што треба да дадат ветер во едра на идните клучни играчи на нашиот пазар на капиталЗаклучно со крајот на март годинава трите друштва управуваат фондови вредни 70 милиони евра!

Трите друштва кои управуваат со отворени инвестициски фондови: КБ Публикум, КД Фондови и ВФП Фонд менаџмент лани заедно оствариле добивка од 315.000 евра! Ова е охрабрувачки податок, светла точка за кратката историја на македонските друштва кои управуваат со доброволни отворени инвестициски фондови кои се основани и работат во Република Македонија. Овие друштва заедно вработуваат 14 лица, а управуваат со 10 инвестициски фондови во кои се вложени 4,26 милијарди денари односно околу 70 милиони евра!

КБ Публикум лани со добивка од 12,1 милиони денари

Ова друштво има 5 мина вработени (според извештајот на независниот ревизор за 2016 година) и лани од своето работење остварил нето добивка од 12,1 милиони денари и добивката на друштвото пораснала за 2 милиони денари во однос на 2015 година. Вкупните приходи на овој фонд лани биле 22,1 милиони денари и тие во однос на претходната година се повисоки за 2,8 милиони денари. Друштвата кои управуваат со отворени инвестициски фондови своите приходи ги остваруваат од влезни и од управувачки провизии. Ова друштво управува со вкупна актива која надминува 2,62 милијарди денари односно 42,5 милиони евра. Средствата се организирани во четири отворени инвестициски фондови. Најголем е фондот КБ Публикум паричен во кој има 1,94 милијарди денари. Втор по вредност е КБ Публикум Обврзници со вредност од 374,8 милиони денари, трет КБ Публикум Балансиран со 242,35 милиони денари вредност и најмалиот формиран пред еден месец е КБ Публикум МБИ-10 (вложува во акциите од индексот МБИ-10) кој вреди 65,28 милиони денари.

КД Фондови втори по големина, со добивка од 1,37 милиони денари

Ова друштво на пазарот на капитал управува со четири фондови и има шестмина вработени (според извештајот на независниот ревизор за 2016 година). Вкупните приходи од влезни и управувачки провизии лани биле 9,86 милиони денари кои во однос на 2015 година биле за 1,8 милиони денари пониски. Добивката на друштвото за лани е 1,37 милиони денари и таа е повисока за 0,5 милиони денари од остварената добивка во 2015 година. Најзначаен отворен фонд со кој управува ова друштво е КД Кеш депозит со вредност од 721,8 милиони денари (на крај на март 2017 година). Фондот Топ брендови вреди 85,3 милиони денари, КД Брик е со вредност од 53,7 милиони денари и КД Нова ЕУ е најмал и со вредност од 26,3 милиони денари. Вкупната вредност на четирите фондови е 887 милиони денари според податоците за првиот квартал 2017 година.

ВФП Фонд менаџмент со добивка од 96.000 евра 5,9 милиони денари

Ова друшто според бројот на вработени и средствата со кои управува е најмало од трите друштва. ВФП има три вработени (според податоци од извештајот на независниот ревизор за 2016 година). Управува со два отворени инвестициски фонда од кои ВФП Кеш депозит е со вредност од 443 милиони денари и ВФП Премиум инвест е со вредност од 310,1 милиони денари. Лани друштвото остварило приходи од управувачка провизија и од влезна провизија во износ од 22,5 милиони денари и тие се повисоки за 7,3 милиони денари од 2015 година. Добивката на друштвото е 5,9 милиони денари и е за 3,4 милиони денари поголема од 2015 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита