05 Мај, 2024
0.0242

Како ни се случи Ж?

Објавено во: Колумни 29 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Кога колешка - професорка ќе ти каже дека оваа недела е "колоквијална", наместо "колоквиумска", си викаш - море Ж е во право, ова се решава само со „мае гери“! Само со упад! Но, проблемот е што таквите колеги и колешки, всушност се со Ж, тие се дел од неговиот систем, тие го поддржуваат и хранат. Заради нив и ни се случи Ж. Со нив тој и опстојува.

Ж се роди, израсна и владее од најлошото во секој од нас. Сите ние имаме темни моменти и лоша страна – таа е основата на неговиот систем. Поединците што се истакнуваат пак во тоа, го чинат столбот на неговиот систем.

Кога имате такви ликови како претседателот Хорхе, на пример, кој со секое појавување нуди нов бицер, логично е таа територја на која се наоѓаат овие ликови како него да остане небранета. Затоа што прв ред тие и не требале да бидат на таа територија. Хорхе требало да бере калинки во Валандово, Никола Тодоров да продолжи да тренира карате, Влатко Ѓорчев да го дозаврши факултетот...Впрочем, да бидеме искрени до крај - Ж е потпросечноста во секој од нас, најлошото во секој од нас кога во миговите на страв и колебање дозволуваме да ни биде завземен просторот. Кога отстапуваме пред разни Хорхевци-морхевци, му оставаме можност исти такви, само со политичка моќ да ја завземат легитимната територија која во нормални околности не би требало ниту да ја помирисаат.

И сега ми е јасна како бел ден таа патолошка желба за реформи. Во неговиот свет тој е целосно прав, од неговата потпросечна перспектива, логично - сè е совршено потпросечно. Од неговата перспектива тој веројатно си вели – во оваа држава саде идиоти, поголеми та дури и од мене! Па замислете до себе да имате универзитетски професор што се движи смешно, говори смешно, изгледа смешно…се тресе пред вас и добива епилептични напади кога во Брисел ќе го прашаат нешто и таков ви извршува функција – претседател на држава? Па нормално е премиерската потпросечност да си рече – ако ова е универзитетски професор, тогаш тешко на оваа држава. И во право е! Груо ни се случи заради Хорхевци во сите институции. Таквите како Хорхе во универзитетите, болниците, судовите, шалтерите…му го отстапија просторот на Грујо. Тој беше само доволно вулгарен да го завземе. Ако немате чувари на честа и професијата, логично е тој секаде да влегува со „мае гери“! Тој покрај вакви Хорхевци, просто е „повикан“ да ги „спаси“ универзитетите, судовите, здравството….Па кој ако не тој!

А не мораше да биде така. Оти не се сите Хорхевци по универзитетите. Таму имало и сеуште има горостаси, расни интелектуалци кои грмат. Но тие се виновни оти не сме грмеле! Не сме згрмеле дека не сме саде Хорхевци и дека со крв, пот и чест сме го оделе патот! И уште повеќе – самите да сме имале барем троа од пастирската дрскост и да сме ги истерале, барем во ќош, кога веќе сме ги примиле во нашите редови, таквите како Хорхе. Оти, еј, ајде да признаеме – врие од такви меѓу нашите редови! Само така ќе сме ги оневозможиле условите за појава на таков лик како Грујо! Условите беа зрели за пастирот кога се изродија толку овци. Сега е доцна да му се лутиме, да го опоменуваме, да му предочуваме дека овде има потенцијал, дека не сме саде такви како Хорхе.

Тој ниту видел, ниту сака да види подобри од Хорхе, дури и да ги види, не може да ги препознае – тие се над нивото до кое досега неговиот поглед. Тој не разбира. Џабе му зборите – таа музика не е за неговите уши. Сето интелектуално, вредно, умно во оваа држава се „бисери пред свиња“ за нашиот премиер. Затоа тој има исконска омраза кон сè што барем троа е повредно од него. Оти секој бисер му докажува дека е свиња. А витези подготвени да му ги фрлат в лице бисерите сè помалку!

Д-р Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина