16 Мај, 2024
0.0251

Како најлесно да ги согорите масните наслаги?

Објавено во: Стил 04 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Лицата кои имаат време за трчање, повеќе од четири часа неделно губат повеќе калории отколку оние кои не трчаат, се вели во една студија направена во медицинско училиште од Јејл.

За подобро согорување на масните наслаги подобро е да се сработи потешкото, односно потешките вежби, па потоа со релаксациски вежби. 40-минутно вежбање го забрзува метаболизмот и тоа е доволно за максимално согорување на калориите, а резултатот е видлив после 19 часа.

Кревањето тегови исто така резултира со согорување на масните наслаги, но ако кревате тегови, кревајте ги полека, затоа што така имате можност да се согорат поголем број масни наслаги, а со тоа се активираат и поголем број на мускулни влакна.

Сето ова наведува дека вежбањето, какво и да е, (трчање, аеробик, фитнес, кревање тегови…) првично треба да се направат потешките вежби, а подоцна полесните. Доволни се 4 часа неделно да се вежба за полесно согорување на масните наслаги.