16 Мај, 2024
0.1928

Како Меланија Трамп добила државјанство на САД

Објавено во: Свет 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп, првата дама на САД, легално државјанство на Америка добила преку имиграциска програма наменета за талентирани поединци, јави дописникот на МИА од Вашингтон.


Според објавите на „Вашингтон пост“, првата дама добила „зелена карта“ (легално жителство на САД) преку програмата „ЕБ-1“ која имиграциските службеници популарно ја нарекуваат „Ајнштајн виза“.
Во објаснувањата на таа програма се наведува дека е наменета за луѓе од академска средина и за бизнис раководители на меѓународни компании, или пак за лица кои се истакнале на национално или меѓународно рамниште.

Меланија Трамп започнала да се среќава со Доналд Трамп кога таа имала 28 години, откако се запознале на забава. Ова познанство од 1998 година ја унапредило нејзината кариера на фото-модел и таа започнала да се појавува во модните магазини на Њујорк.

Весникот потсетува дека кога првпат пристигнала од Словенија во Њујорк во 1996 година, Меланија Трамп ја преминала границата со туристичка виза, а потоа неколку години добивала работна виза ангажирана како фото-модел.

„Таа никогаш не беше супер-модел, таа работеше како работен модел, како многу други во Њујорк“, изјави Мајкл Вајс, адвокат на г-ѓа Трамп.

Весникот прашува како првата леди ги убедила имиграциските органи дека таа се квалификува за „ЕБ-1“ програмата. Познавачите потврдуваат дека биографијата на Меланија Трамп од 2001 година не е во согласност со барањата за добивање на таква виза.

„За да се добиа „ЕБ-1“ виза, подносителот треба да обезбеди доказ за некакво вонредно достигање или да исполни најмалку три од вкупно десет критериуми. А тоа е да поднесе доказ за комерцијален успех во изведувачки уметности, потврда за изложба на свои уметнички дела и потврда за оригинален труд во своето поле на работа“, наведува весникот.

Зелената карта станало пат кон добивање американско државјанство не само за Меланија, туку и за нејзините родители, Виктор и Амалија Кнавс. Според „Вашингтон пост“, тие наскоро треба да добијат американско државјанство.

Во 2017 претседателот Доналд Трамп предложи да се прекине спонзорирање на роднини, вклучително и родители, од страна на американски државјани за да се запре со таканаречената „верижна имиграција“ во САД.

„Родителите на првата дама станаа постојани жители на САД. Нели е тоа „верижна имиграција“, праша во таа прилика весникот.

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра