09 Мај, 2024
0.0269

Како македонските граѓани да живеат со европски стандард?

Објавено во: Економија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во Стопанската комора на Македонија беше презентирана научно истражувачката студија „Македонскиот извоз“ која по нивно барање  е изработена од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Главните поенти од студијата беа претставени пред овеќе од 250 претставници од компании членки на Стопанската комора на Македонија, претставници од Владата на РМ и од други државни институции, како и од дипломатскиот кор.

Аналитичко-научниот пристап на изготвената студија, која се карактеризира со констатации не само за состојбите во македонската економија во тој период, туку и на економските прилики во поширокиот регион, вклучувајќи ја и економијата на земјите од ЕУ и ЦЕФТА, со чии состојби е компарирано и е направена паралела со состојбите во македонската економија, констатираше д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска.

Изготвувачот на научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, д-р Владимир Глигоров, експерт од Виенски институт за меѓународни економски студии, ги презентираше економски параметри изразени преку потенцијалната стапка на раст, растот на извозот и на увозот, инвестициите, трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка, а ги посочи и препораките под кои услови тоа би се реализирало.

Во услови на ригидна макроекономска политика развојот на земјата зависи од извозот и од надворешната трговија, констатира д-р Глигоров. Во целата оваа активност клучна улога има понудата на македонски производи за европските пазари. Колку поголема понуда толку поголеми шанси за зголемен извоз и намалување на трговскиот дефицит на земјата. Сегашната структура на македонската економија покажува доминација на преработувачката индустрија, но потребно е реиндустријализација на економијата, бидејки, преработувачкиот сектор се сели кон големите држави, а фокусот треба да биде на развој на услугите. Пречки постојат и во даночниот систем и недоволниот пристап до финансиски средства.

- Компаниите се ориентираат кон производство за домашен пазар, што значи дека речиси целокупното производство се троши во земјата, а средства за инвестиции се чекаат од странски инвеститори. 

- Нема доволно развиеност на иновативност во претпријатијата.

За да има развој потребено е најмалку 20 до 25 проценти од Бруто домашниот производ да се инвестира во нови производи, иновативност, конкуретност. Глигоров потенцира дека извозот е генератор на растот и на вработувањето. Со 4 отсто стопански раст, под претпоставка стопанскиот раст на ЕУ да биде 2 отсто, по 30 години македонскиот БДП по глава на жител би требало да биде околу 90 отсто, што значи дека идната генерација на граѓани би можеле да живеат со европски стандард.

Препораките кои се дадени и во студијата упатуваат во стопанската политика да се одржи фиксен курс со антициклична фискална политика и конкурентен реален курс со постојани надворешни биланси.

Основните цели и мерки за да се реализираат препораките се: поттикнување на иновативноста; зголемување на интернационализацијата; активна политика на вработување; реформа на даночниот систем; научно и технолошко поврзување; активно учество во Берлинскиот процес и јакнење на јавното и приватно партнерство.

Елизабет Хаген, Извршен директор на Виенски институт за меѓународни економски студии, го престави организациски Институтот, посочувајќи дека тој е рангиран 5-тото место од 25 светски меѓународни истражувачки институти.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување