04 Мај, 2024
0.1610

Како Lego стана компанија за “брза мода”?

Објавено во: Свет 30 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Можеби мислите дека Lego е компанија која ја има насекаде и отсекогаш. Според одредени показатели тоа навистина е така, пишува Businessweek. 81-годишната компанија за играчки од Данска во моментот е втора по големина  во својата дејност во светот веднаш по Mattel и произведува грубо по 36 милијарди пластични елементи годишно. Препознатливите мини фигури се очекува да го надминат по бројност, бројот  на население на земјата до 2019 година.   И покрај тоа играчките продолжуваат да бидат вносен бизнис, тврди главниот финансиски директор на компанијата Џон Гудуин, посочувајки дека таа се повеќе личи на пионер во секторот на "брзата мода" како H&M, Zara и Forever 21. Овој Декември очигледно луѓето бараат решение за изборот на подарок кој ќе стои под новогодишната елка, што дополнително го засилува притисокот врз Lego да ги понуди вистинските играчки за последните денови од сезоната на пазарување. "Во оваа ситуација е уште поважно да можеме да им ги доставиме на трговците вистинските производи во вистински момент", вели Гудуин во интервјуто за Wall Street Journal. Иако за трговците е нормално да сакаат да се супер брзи и да реагираат во секунда во најзафатената сезона, Lego треба да поседува неверојатна дисциплина, за да може веднаш да ги набави најбарабите производи и да ги испрати на своите клиенти во најбрзо време. Од една старана, недостатокот на само едно парченце во кутијата на Lego може да му го уништи целиот празник на некое детенце. Од друга страна многу од најпродаваните производи на фирмата вклучваат лиценцирани договори со Marvel Entertainment, Harry Potter, Star Wars и т.н. Таквата силна зависност од популарноста на филмовите беа клучен фактор за падот на продажбата на компанијата. Во годините пак кога се создаваа нови блокбастери со кои Lego имаше склученодоговори продажбата растеше.  Но во годините без нив, продажбата се намалуваше. Како дел од извршените промени Lego се премести поблизу до големите пазари, инвестирајки сериозно во производствени капацитети во Мексико (за да го задоволи најголемиот свој пазар - САД) и Унгарија (за Германија - вториот по големина пазар). Веројатно најважниот превеземен чекор е ограничувањето на бројот на елементите кои инжењерите на Lego можат да ги користат во проектите. "Кога Lego беше на пат да банкротира во 2003 и 2004 г., една од големите промени беше намалувањето на бројот и боите во предложената палета на прозиводи.  Тие се сосредоточија врз оние елементи, кои можат да бидат користени во различни комплети", објаснува Дејвид Робертсон, автор на книгата "Тула по тула: Како Lego ги напиша одново правилата на иновациите и завладеја со светската индустрија со играчки". " Потоа Lego го подели производството на делови посебно од монтирањето на комплетите кое им овозможи многу поголема брзина. Ако еден комплет се продава послабо од очекуваното, а друг  многу подобро, Lego може да ги премести елементите, предвидени за по непопуларниот комплет кон повеќе популарните, бидејки за да го задоволи барањето  е нужно да произведува само неколку уникатни елементи. Тоа им дозволува да реагираат много побрзо на променливите вкусови на клиентите", вели Робертсон. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време