26 Април, 2024
0.0326

КАКО ЌЕ ВЛИЈАЕ ОМИКРОН КАЈ ДЕЦАТА: Нова непознатица, но и нова потенцијална опасност, д-р Андоновски за Фактор

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Новиот сој повеќе денови предизвикува стра , а алармот е вклучен за целата светска популација, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски специјалист педијатар, кој смета дека во периодов што следува сите прашања поврзани со Омикрон треба да се постојана тема на здравствените власти, со цел да се заштитиме правилно и да не се создаде паника во нашата популација .

-Ова е уште една нова непознаница, но и нова потенцијална  опасност . Во секој случај, треба да сме внимателни и како држава, а и како здравствен систем кој секако е оптеретен и досега и ќе треба и нови подготовки за евентуална криза со новата супермутација на корона вирусот. Досегашните искуства со Ковид 19 кај децата ни покажаа доста олеснувачки моменти дека вирусот кај децата не прави големи компликаци. Нормално дека имаше и деца со потешки клинички слики, но за среќа без летален исход , а тоа е и еден поттик родителите постојано да работат како на имунитетот на децата, така и на нивна едукација во врска со вирусот и здравите навики како да се заштитат од самиот вирус, вели д-р Андоновски.

Во донос на симтомите, тој повтори дека како најчести симптоми за ковид 19 кај децата се појава на температура од 37,4-37, 7 С. Сува надразнителна кашлица , можни болки во стомакот и појава на дијареа, што генерално би биле истите и при зараза со новиот сој.

-Секако препорачано е да не се губи време и да се направи брзо тестирање антигенско или ПЦР во тек на 48 часа како не би се дало можност да контаминирано засегнато дете биде во одредена средина и не биде вектор на пренос. Зависно од клиничката слика таков е и текот на лекување и третирање на самиот вирус, обично кај децата кои имаат доста асимтоматски  тек на болеста не се препорачува злоупотребна на антибиотици  освен ако вирусот не предизвика појава на белодробна пневмонија. Препорачливо е докоплку детето се лекува во домашни услови да има постојан контакт со својот матичен педијатар и да се води прецизна анамнестичка информација која би не навела на брз аларм доколку има потреба од хоспитализација. Деца кои имаат висока фебрилност, дехидрираност и одредени проблеми со дишењето да се хоспитализираат во Ковид центар за понатамошна болничка терапија и протоколпорачува д-р Ангеловски.

Смета дека посебна грижа треба да се обрне кон децата кои се со системски, кардиоваскуларни , имунодифициентни и онколошки  заболувања, добро да се супортирани со суплементација од типот на имуностимулатори и имунодулатори, и секако, како што нагласува, со здрава исхрана и постојано и редовно примање на потребната терапија .

-Да се надеваме дека и овај пат децата ќе бидат одлични борци како и досега и нивниот имунитет  би се справил со оваа несакана болест. Секако дека будно ќе се следат сите новитети и нови информации со појава на Омикронот кај децата а и родителите ќе бидат веднаш запознаени со понатамошните насоки, нагласува во разговорот д-р Андоновски.

Инаку, последнта варијанта на ковид е изненадувачка за целата научна јавност, особено поради фактот што вирусот мутирал многу драстично, односно имал  голем еволутивен скок и значително повеќе мутации отколку што очекувавле.

Во однос на ова, д-р. Андоновски потенцира дека по вклучениот аларм, експертите работат на дообјаснување, благодарение на досегашните искуства од претходните соеви на корона вирусот кои беа носечки во оваа пандемија.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“