04 Мај, 2024
0.0264

Како ќе се справи Владата со „црната дупка“ на Фонд за ПИОМ?

Објавено во: Финансии 25 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Верувале или не месечните издвојувања за пензии годинава се над 50 отсто поголеми во споредба со тоа што се одвојувало од буџет во 2010 година. Во октомври годинава е рекордната исплата на пензии од 71,94 милиони евра. Во јануари 2010 година за пензии од буџет се исплатени 45,4 милиони евра. За 96 месеци речиси без исклучок трошокот за исплати постојано расте!

Дали знаете дека секој месец годинава од буџетот за пензии се исплаќаат околу 70 милиони евра? А дали знаете дека пред 7 години во 2010 година за таа намена се исплаќаа околу 46 милиони евра месечно?  За седум години месечниот износ што буџетот го плаќа за пензии се зголемил повеќе од 50 отсто! Има ли решение за овој предизвик?

Во октомври годинава за пензии од буџетот на Фондот за ПИОМ и од централниот Буџет се исплатени 71,94 милиони евра. Ова е рекорден највисок износ на исплатена месечна сума на пензии во последниве 94 месеци! Ова го потврдуваат официјалните податоци на Министерството за финансии објавени на следниот линк во табелата: „Трошоци за пензии, примарна здравствена заштита и паричен надоместок“

Официјалните податоци покажуваат голем, интензивен и континуиран раст на државните трошоци за пензии. Како што наведовме месечниот трошок за пензии на централниот буџет кои ги сервисира државниот Фонд за ПИОМ постојано се зголемуваат. Во јуни 2010 година за пензии биле исплатени 46,5 милиони евра. Во јуни 2012 година за пензии се исплатени 49,93 милиони евра, а во истиот месец во 2014 година се исплатени 59,85 милиони евра. Во јуни 2016 година исплатата стигнала износ од 64,4 милиони евра,а годинава во јуни се трансферирани 69,8 милиони евра. За колку годишно расте бројот на пензионери во земјава и што е поважно до кога ќе расте?

Веројатно, затоа што нема официјално објаснување на оваа пандемија на расходи за пензии, логично е да се заклучи дека во најголема мерка растот на трошоците е резултат на раст на бројот на новопензионирани лица. И делумно на зголемувањето на пензиите секоја година, што е согласно со законската регулатива но сепак тоа е од второстепено значење.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата