28 Април, 2024
0.0286

Како ќе му пресудат политичарите на Преспанскиот договор?

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Нова политичка криза, глатки уставни промени во Парламентот или предвремени парламентарни избори. На овие прашања од денес размислуваат политичарите во земјава по вчерашниот референдум. На изјаснувањето излегоа над 660 илјади гласачи, а над 90 отсто гласаа „за“. За некои референдумот е успешен, за другите не, па сите опции се ставаат на маса ако премиерот Зоран Заев не успее да обезбеди 80 пратеници кои ќе гласаат за уставните измени во Собарнието. Изборите како можност ги отвори самиот, но рече дека се крајна опција. Експертите сметаат исто така дека засега не се потребни, туку земјата има други приоритети. Повеќето се согласуваат дека влогот е голем и дека земјата не смее да ја испушти шансата, што сега ја има.

Над 660.000 „ЗА“, што значат?

Изненадување беше за сите но и за меѓународната јавност што Бојкотот успеа да го „замати“ цензусот. Сега битката повторно се сели на политичката сцена – најверојатно на заедничка зелена маса. На лидерски средби треба да се договара  двотретинско мнозинсто за  преспанскиот договор. Има ли простор за разговори? Судејќи по синоќешните изјави на двајцата лидери на најголемите политички партии тешко. ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го поддржи договорот кој во текот на целата кампања го карактеризираше за штетен. Мицковски охрабрен од исходот на референдумот сака да види крај на политичката кариера на Заев, тој, од друга страна нема намера да се откаже од патот кој веќе го почнал, а тоа е реализацијаа на договорот со Грција за брзо членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Премиерот вели дека друга алтернатива нема, ниту е понудена подобра опција. Смета дека 650 илјади гласа на референдумот се доволна бројка за да го реализира договорот со Атина. Ги повика пратениците од опозицијата да гои поддржат договорт.

„Дури и ако имаше цензус, дури и ако имаше 1,1 милион излезени гласачи, овој резултат од речиси 600.000 граѓани кои гласале ЗА, ќе значеше јасна одлука на граѓаните и јасна определба ЗА европска Македонија. Знам јас, знае и опозицијата: Подобар договор со Република Грција нема и не може да има. Алтернатива за членството во НАТО и ЕУ  за Македонија нема, и не може да има. Да не си играме играчки со нашата иднина и со нашата Македонија, рече Заев синоќа на прес конференција.

Заев очекува од Мицкоски и неговите пратеници да ги стават националните интереси пред партиските, слично како што синоќа  побара и еврокомесарот Јоханес Хан. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ еуфорично вчера му пресуди на преспанскиот договор дека е мртов, дека понатаму не може да оди. Мицкоски очекува од Заев да се држи до зборот и да си даде оставка.

„Факт е дека договорот со Грција не доби зелено светло, доби стоп од народот. А, народот, народот на Република Македонија кои се сопственици на оваа земја покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Денес народот даде свој вредносен суд. Заев и неговата влада се делегитимирани, новата општествена реалност говори дека политиките на Заев и владата паднаа и тоа е јасно на огромен дел граѓани на Македонија, а од денес тоа им е многу јасно и на Заев и неговите пајташи, рече Мицковски синоќа на пресконференција, рече Мицкоски.

Дали предвремени избори се вистинското решение?

Меѓународната заедница  внимателно и одблизу ја следи целата ситуација. Доказ за тоа беа посетите од највлијателните луѓе во светот - Британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис и други лидери на западноевропските земји. Пораката е јасна - се чека реализација на договорот со Грција. Ставот е дека треба да се стават гаранции за стабилноста на регионот. Влогот на меѓународната заедница е преголем, извесно е дека македонските лидери доколку бараат партнерство ќе мора да соработуваат со нив.  Одење против вољата на САД и ЕУ би значело целосна излоција на земјата, но и индивидуално на политичките лидери и нивните партии.  И експертската јавност е внимателна во анализите, се плашат да помиослат на опцијата избори, особено што роковите се кратки, секое излегување од времената рамка би значела капитулација на преспанскиот договор.  Аналитичарите Мерсел Биљали и Имер Селмани за Фактор изјавија дека треба  да и се даде време на власта да обезбеди двотретинско мнозинство. Посочуваат дека се потребни сериозни разговори меѓу политичките партии.

Најдобро е да се најде согласност да се донесат уставните измени во Собранието со цел Македонија да го запази акцискиот план кој е направен за земјава да се зачлени во НАТО и да започне преговори со ЕУ. Власта не треба да дозволи да биде уценувана ниту да преговара со опозицијата за поддршка на договорот. Најдобро е во собранието да се обезбеди мнозинство од 80 пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени кои се зацртани во преспанскиот договор, вели Селмани.

Нелогично е сега да се оди на предвремени парламентарни избори, вели  аналитичарот и советник на премиерот, професорот Мерсел Биљали. Влогот, вели тој, е голем, меѓународниот фактор нема да дозволи да се прокоцка оваа шанса за договор со Грција.

„Јас мислам дека ВМРО - ДПМНЕ не може да се фали со овие резултати. Доколку се јаки требаше да излезат на гласање, а не да се кријат со бојкот.  Нови избори не се решение. И да победи сегашната опозиција таа не може да донесе подобар договор со Грција, вели Биљали. 

Од друга страна еден од иницијаторите на бојкотот и претседател на партијата Глас за Македонија Солза Грчева очекува избори. 

Ѓ.Т.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“