18 Мај, 2024
0.0279

Како ќе бидат заштитени од фалсификат новите евробанкноти?

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

По новите банкноти од пет евра, Европската централна банка (ЕЦБ ) се очекува од оваа есен да ги пушти во оптек и новите банкноти од по десет евра. Тие ќе имаат подобра заштита и поголема долговечност . По нив, ќе бидат заменети и другите евробанкноти - од по 20, 50 , 100 и 500 евра . "Новите" банкноти се дел од таканаречената серија " Европа" на ЕЦБ . Ја нарекуваат така поради сликата на митолошката божица Европа , чиј портрет е меѓу дополнителните заштитни знаци на новите евробанкноти. Предметната слика е донесена од една стара вазна, најдена во јужна Италија , која е стара повеќе од 2000 години. Сликата на божицата се појавува како воден печат и како слика во холограмски шари. Има и други заштитни знаци кои ја прават серијата "Европа" тешка за фалсификување . На краевите на новите банкноти има на пример, релјефни линии кои се чувствуваат кога човекќе стави рака на нив. Покрај тоа, цифрената слика на банкнотата одразува светлина . ЕЦБ со години вложува напори да се заштити еврото од фалсификување. Во исто време и фалсификатите кои се откриваат во трговската мрежа , стануваат се повеќе квалитетни . На каква лажна банкнота можете да наидете најчесто? Лео Клајнхаус од Федералната криминална служба вели: " По воведувањето на еврото во 2002 веднаш се појавија и фалсификати , но повеќето од нив беа многу примитивни. Подоцна , меѓутоа, беа развиени методи на печатење , со кои фалсификатите се повеќе се доближија до оригиналите". На сличен начин веројатно ќе се одвиваат работите и по воведувањето на новите десетки, сугерира експертот. Додека "старите" банкноти од по десет евра излезат конечно од оптек , фалсификаторите ќе имаат можност да ги стават во употреба веќе произведените апоени. Безбедноста на евровалутата ќе се зголеми радикално, дури кога во оптек ќе влезат и новите банкноти од по 20 и 50 евра, кои се најчесто користените комерцијално. Тие се и најчесто предмет на фалсификување. Освен што ќе бидат подобро обезбедени од фалсификување, новите пари ќе бидат и подолготрајни. Досегашните ситни апоени од по 5, 10, 20 и 50 евра, кои најчесто минуваат од рака во рака , се изнесуваа само по две - три години. Најдоцна по четири години се наложуваше тие да бидат заменети. Новата серија банкноти сепак има специјален лак, што ги прави подолготрајни.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население