18 Мај, 2024
0.0273

Како хороскопските знаци се однесуваат со парите?

Објавено во: Стил 27 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Како се однесуваат хороскопските знаци со парите? Кој е најскржав, а кој најдарежлив знак? Колку ви значат парите? Прочитајте и дознајте. Овен: Парите се за да се трошат! Храбрите и решителни Овни сакаат да водат и победуваат, а тоа неретко умее да ги чини скапо во финансиска смисла. Овенот сака да троши пари, не штеди и не се чуди кога одеднаш ќе сфати дека е без пребиена пара во џебот. Иако е мошне способен за заработувачка, не е опседнат со стекнување богатство. Парите за Овенот се само средство за остварување на некоја цел. Повеќе од се го интересира самата игра, процесот на ментална гимнатстика и надмудрување. Кога имаат пари, великодушни се со пријателите, но не секојпат умеат да ги вратат долговите. Бик: Не се задолжувам, ниту пак давам заем! Темелен, цврст и упорен, Бикот сака да работи и заработува. Умее одлично да менаџира со парите и да ја цени нивната вредност. Вреден е и не се плаши од напорна работа, бидејќи знае дека убавите нешта, односно куксузот има своја цена. Парите му пружаат неопходна сигурност и ја задоволуваат неговата хедонистичка црта. Сепак, истовремено е и практичен, па неретко вложува во недвижнини и антиквитети. Не се расфрлаат со парите, реални се и трудољубиви. Не се склони кон донесување на нагли и избрзани финансиски одлуки, па затоа не очекувајте да ги видите на берза. Близнаци: Парите се нужно зло! Близнаците се шампиони во бизнис преговорите и со својата интелигенција и шарм секогаш успеваат да откријат каде се кријат парите. Бидејќи се променливи и непредвидливи, сакаат да трошат и не се замараат со тривијалности како плаќањето на сметките, бидејќи на светов постојат многу поинтересни нешта! Сакаат да заработуваат, но повеќе од парите ја сакаат слободата, односно забавата и промените кои можат да ги добијат со нив. Не сакаат голема плата за некоја монотона и здодевна работа, но не сакаат ни да се досадуваат, па неретко ќе прифатат и по неколку паралелни работи, само за да го исполнат своето слободно време. Одлични продавачи се, зборлести и убедливи и би можеле дури и на Еским да му продадат канта со мраз! Ако нивниот партнер ја преземе грижата околу финансиите, се ќе биде в ред. Рак: Парите се мерило за моите способности! За Ракот финансиската сигурност е исклучително битна. Колку поголема банковна сметка има, Ракот подобро се чувствува. За него парите се клуч на сигурноста, по која копнее повеќе од се. Вредно работат, одлични стратези се, при склучувањето на некаков договор внимателно ќе го проучат дури и најситниот детал. Ако нешто не е како што треба, умеат да се повлечат од зделката се додека не дојдат подобри времиња. Ракот е добар бизнисмен и банкар, но по некоја иронија на судбината, околината секогаш ќе смета дека нема се чесно и сам заработено. Парите му служат за згрижување на семејството, а попат штеди и за црни денови, обезбедувајќи си притоа душевен мир. Фрижидерот му е секогаш полн, сметките платени навреме, а трансакциските сметки во плус. Лав: Раката која дава не се суши! Лавовите сакаат убавина, раскош и богатство и затоа секогаш го бараат своето место под сонцето, односно можност да заработат. Умеат да ризикуваат и мразат да губат. Ги привлекуваат коцкарниците и целиот гламур околу нив. Добри коцкари се се додека не стапи на сцена нивното его, а тогаш умеат да изгубат се. Сепак, знаат да пронајдат начин како пак да се кренат на врвот. Секогаш ќе заработат пари бидејќи тие му се средство со кое купува живот на висока нога. Ако западне во долгови, Лавот нема да оди да се позајмува од пријателите (прегорд е за такво нешто), туку ќе оди во банка и ќе подигне кредит. Нивниот таен рецепт за успех е дарежливоста. Имено, Лавовите се великодушни и знаат да ви ја позајмат и последната пара, а како последица на тоа, ќе успее да најде начин да заработи уште повеќе. Девица: Чувам пари за црни денови! Девицата е скромна, не се расфрла со парите, а при заработувањето на истите се потпира исклучиво на својот здрав разум и аналитичка природа. Внимателна е и секојпат добро ќе ги проучи сите факти пред да дејствува. Поради тоа е одличен деловен партнер, бидејќи функционира како совршено подмачкана машина, која има само еден императив – перфекција. Сметките Девицата секогаш ги плаќа навреме и штеди за црни денови. Не сака да зависи од никого, а умее да се забавува и со малку пари. Воедно, мрази да троши многу и да позајмува, но најмногу мрази таа да биде ставена во ситуација да бара пари од некого. И ако позајми, тоа ќе биде само на некој од семејството, но и тогаш само ако е апсолутно сигурна дека парите ќе и бидат вратени. Редовната плата е вистински мелем за душата не Девицата. Вага: Со пари до поубав живот! Кредитната картичка на Вагата мора дабиде избалансирана со нејзиниот стил на живот. Вагите ги почитуваат парите, посакуваат комфор и луксуз и сметаат дека тоа е нивно право кое ќе си го остварат, на овој или оној начин. Финансиските одлуки на Вагата можат да бидат нерационални, бидејќи Вагата живее за моментот и не мисли како потоа ќе ги исплати скапите чевли или фустан. Затоа се препорачува нејзиниот партнер да поведе сметка околу финансиите, бидејќи менаџирањето со пари не и е силна страна. Вагата сметките ги плаќа одвреме навреме, ноншалантно, а ако нема пари, лесно ќе ги шармира пријателите и ќе дојде до нив. Без колебање ќе се позајми, но ако има пари, ќе ви позајми доколку сте во неволја. Најмногу пари троши на уметност и забава, а потоа има грижа на совест. Ужива во живото само кога банковната сметка може да ги покрие сите нејзини финансиски каприци. Шкорпија: Најбогатиот победува! Немојте никогаш да се обидете да ја измамите Шкорпијата врска со финансиите или тешко вас! Одлично ракува со парите, а истите и служат како средство со кое купува сигурност, слобода, контрола и моќ. Цврсто верува дека ќе дојде до врвот во светот на бизнисот, а не е битно како и колку време ќе и биде потребно за тоа. Подготвена е на големи жртви. Немаштијата Шкорпијата умее добро да ја поднесе благодарение на својата самодоверба. Кога и иде добро на финансиски план, умее да биде дарежлива кон пријателите и да подарува пари во добротворни цели. Лукаво управува со работите од сенка и никогаш не е во минус. Позајмува пари, но не толерира доцнење при исплатата на долговите. Ги контролира сите приходи во домот, акумулира пари и не е расипник. Стрелец: Биди хуман, удели им и на сиромашните! Стрелците обожуваат да трошат. Секогаш истражуваат и сонуваат за животна прилика да се збогатат, а обично и имаат среќа во тоа. Стрелецот ги сака парите и со нив купува забава и слобода. Освојува со својата позитивна енергија и таа неретко му носи профит. Наклонет е кон ризици и коцкање, бидејќи верува дека неговото грне со злато кога-тогаш ќе се појави. Дарежлив е, а тоа може да му биде и голема маана, бидејќи заборава на себеси и своите потреби. Чезнее за благосостојба во светот и затоа умее да биде великодушен и да им даде на оние кои немаат. Но, деталите околу парите го заморуваат, па затоа често вработува книговодител кој ќе се грижи околу тоа. Без проблем им позајмува на пријателите, а често позајмицата се претвора во подарок, бидејќи нема да бара враќање на парите. Јарец: Со напорна работа до богатство! Јарецот е мошне вреден и грижлив кога се работи за пари. Дисциплиниран, ужива во стекнувањето на имот и финансии напорно работејќи. Сака да биде признаен и почитуван во општеството. Ако притоа може и да заработи, уште подобро. Мудро ги задржува парите кои му пружаат сила и чуство на успех. Јарецот заработува бавно, но сигурно и не се опушта се додека сметката не му биде полна. Не е хазардер и нема обичај да тргува на берза. Не сака евтини нешта, но ниту претерано луксузни работи. Обично ги знае сите попусти и акции во околината, а своите трошоци и конто ги знае напамет. Мрази да позајмува пари од други, или да позајмува, а повеќе од се сака да ја контролира семејната благајна, што умее да резултира со побуна од страна на останатите членови во семејството. Водолија: И со пари и без нив, сосема ми е сеедно! Кога би сакала, Водолијата би можела да заработи вистинско богатство. Но, неа неретко ја окупираат возвишени идеали за спас и благосостојба на човештвото. Парите не и се на листата на приоритети, а кога ќе ги заработи, тоа само значи дека ја следи добра среќа. Умее да дојде до големи суми пари, а потоа да дојде до питачки штап. За среќа, лесно се извлекува од финансиските тешкотии, бидејќи нејзиниот активен ум и овозможува да пронајде нови алтернативи за стекнување пари. Сака да биде сама свој газда, но нередовните приходи умеат да и создадат проблеми. Шопингот не е приоритет, но кога купува, умее да се заборави и да потроши премногу. Риби: Првин соништа и љубов, па потоа пари! Рибите добро ракуваат со парите, иако истите им се од второстепено значење, веднаш по нивните соништа. Сепак, мудрата Риба знае дека за остварување на соништата и се потребни пари, па затоа е принудена да се бори за финансиски успех. Парите или ги наследува или ги добива преку брачната заедница, а ги ценат бидејќи истите им овозможуваат реализација на нивните идеи. Исто така, парите можат да ги стекнат и преку креативност или интелектуална работа. Рибите се или исклучително великодушни, што умее да ги одведе до екстраваганција, или пак многу загрижени за својата финансиска ситуација, па стануваат екстремно практични. Рибата никогаш нема да признае дека нема пари, но нема срце да одбие да позајми пари на некој кој е во неволја.