Kaко ЕК го „скрши“ Орбан?
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2022
Унгарскиот премиер Виктор Орбан попушти под притисокот, а Европската Комисија(ЕК) деблокира средства за Унгарија.
До 14,7 милијарди евра (15,3 милијарди долари), или скоро 10 отсто од проценетиот домашен бруто-производ (БДП) на Унгарија за 2022 година, се во прашање. Орбан мора да продолжи да ја подобрува независноста на судството и антикорупциските мерки.
Европската комисија е на пат да деблокира милијарди евра средства за Унгарија оваа година бидејќи премиерот Виктор Орбан попушти под притисокот од Брисел во врска со демократските контроли и антикорупциските мерки, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на сигурни извори од Европската Унија.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок неодамна ја критикуваше Унгарија за блокирање на финансиската помош од 18 милијарди евра на ЕУ за Украина, велејќи дека Будимпешта не треба да „игра покер“ во обид да изврши притисок врз Брисел во посебен спор за владеење на правото. Овојгест на Унгарија го нарекоа уцена.