07 Мај, 2024
0.0250

Како е можно да сме сиромашни, а да имаме толкав одлив на капитал од земјата!

Објавено во: Економија, Колумни 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Кога се објави информацијата според која во периодот од 2003 до 2012 година од Македонија во странство се одлеани над 5,2 милијарди долари, мнозина беа во недоумица и неверување. Дали е тоа можно? Дали Македонија има потенцијал за такви одливи? Властите зафатени со одбрана од политичките бомби на опозицијата наполно го игнорираа овој податок. Во интервју за една телевизија само гувернерот Богов се одважи да го коментира, но со омаловажување за точноста на информацијата. И нему му е неверојатно дека  од Македонија  може да се извлече таков износ на средства. Но, со задршка  дека истекувањето на средствата не се извршило преку каналите на Народната банка. Како да парите морале да заминат преку централната банка!  Проблемот е во тоа што Банката може да биде чиста, а средствата, сепак, да се одлеале во земјите даночни рајеви. Впрочем, нелегално стекнатите средства не се „вртат“ во банките, особено оние остварени со трговија на дрога, оружје, грабежи, корупција  и тн..  А, дали е можен толкав одлив од сиромашна земја, каква што е Македонија? Се разбира дека е можно, од една страна, од  средствата прибрани во буџетите и од друга страна, од остварените вредности во бизнисите. Дел овие средства истекуваат на најразновидни начини. Воопшто не е неопходно тоа да се случува преку централната банка. Средствата во буџетите, постојано растат и тоа со повисока динамика од порастот на БДП. Последниве неколку години и тоа не е доволно, па власта реализира и буџетски дефицити. Годишниот буџет на државата веќе достигна 3 милијарди евра, а во 2006 година изнесуваше 1,7 милијарди евра.    За осум години се прибраа над  6,6 милијарди евра повеќе, под претпоставка буџетот да не се зголемуваше. А ефектите од потрошувачката на тие огромни средства речиси не се почувствуваа. Економскиот раст е незадоволителен, а сиромаштијата огромна. Од буџетот за периодот од 8 години потрошени се 6,6 милијарди евра, а нели, спас чекаме од 200-300 милиони евра годишно странски инвестиции. Се‘   додека не се   презентираат  веродостојни инфромации за наменското трошење на тие средства, а власта тоа не го прави и покрај и домашните и странските критики за нетранспарентноста во нејзиното работење, остануваат оправдани сомневањата  за нивно не само нерационално трошење  туку и за нивно свесно незаконско присвојување, преку разни манипулации и малверзации. Значи и тоа како, имало од каде да се извлечат средства и да се насочат во странство. Додека за овој канал зборуваат и приврзениците на власта, како да е нормално тие што се на власт да искористат некоја можност и да се „опарат“, малку се говори за можностите за одлив на капитал што ги имаат бизнисмените. За многумина тоа дури изгледа и неверојатно. Податоците покажуваат дека сопствениците на капиталот не се за „жалење“, барем кога се однесува како поминуваат во распределбата на БДП. Делот што го присвојуваат од БДП се зголеми од 23% во 2000 година на 33% во 2012 година. Или во апсолутни бројки изразено, во 2000 година сопствениците на капиталот присвоиле 947 милиони евра, а во 2012 година 2470 милиони евра од БДП. Тоа зборува за значителна прераспределба на БДП во полза на сопствениците на капиталот. Овој регистриран тренд на зголемен удел на бизнисот во БДП, а  кој не се регистрира со идентичен тренд во инвестиционата активност на економијата, пред се‘  поради неповолната бизнис клима (казни, уцени), укажува на можноста дека бизнисмените дел од своите средства ги пренасочуваат и надвор од домашната економија.  Но, како? Покрај класичните методи (изнесување со ташни или во шишиња) на капиталистите им стојат на располагање пософистицирани методи. На пример, ако не постои постапка за проверка на цените на стоките и услугите што се извезуваат или ако  се фалсификуваат документите можно е извозот да се прикаже со пониски цени, а разликата до пазарната што ќе се оствари да се задржи во странство. Слична малверзација може да се направи и со обемот и квалитетот на производите и услугите. Да не зборувам за најекслоатираниот модел, кога на име консултантски услуги за одреден фиктивен проект, парите се префрлаат на сметките во Кипар, Белизе или на едиси кој друг рајски остров. Од вакви малверзации земјите обично се бранат со утврдување на ценовни листи на извозни и увозни цени на стоки и услуги. Ако ги нема таквите листи, можностите за одлив на средства се огромни, а ако ги има сторителите мора да се послужат со корупција на надлежните за да издејствуваат соодветни, ама фалсификувани документи. И на крај воопшто не е битно дали се пет, пет ипол или четири ипол милијарди. Сигурно е дека од земјата истекуваат значајни средства во странство. А, истекуваат поради  недовербата во власта  во одржувањето на гарантирани правни услови за работење и воспоставениот коруптивен систем. Оттука, одливите имаат далеку понеповолно влијание врз економските текови, посебно во услови кога земјата има потреба од капитал. Затоа е неопходно да се направи се‘ да се обезбеди поголема сигурност за бизнисот, да не се присилува да бара „спас“  во незаконски постапки и однесувања и секако,  да се намали нивото на корупција, како една од алките кои го хранат одливот на капитал. Се разбира дека криминалното стекнување на средства, по разни основи не може да се елиминира, но мора да се сведе на минимум, во спротивно дел од парите што ги произведува ефтината работна сила ќе се одлеваат на сметките на политичарите и бизнисмените по белосветските економии, а тие, работниците и понатаму ќе мора да бидат среќни кога некој бизнисмен ќе ги ангажира за седум, осум или девет илјади денари, затоа што нели, „подобро да работиш за нешто, отколу дома да седиш за ништо“. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката