Како до работа ако немате искуство?
Објавено во: Финансии 13 Мај, 2016
Имате добра биографија, на интервју сте поминале добро, но сепак немате работно искуство.
Како да ја свртите ситуацијата во ваша корист и да не биде тоа крај на интервјуто за работа?
Изговори не доаѓаат во предвид. Немојте да смислувате изговори со кои ќе оставите лош впечаток. Нагласете и објаснете зошто мислите дека сте вистинска личност за одредена работна позиција, иако немате искуство.
Пред интервјуто за работа читајте стручна литература. Стручните книги ќе ве подготват на некој начин за интервјуто и ќе прочитате нешто повеќе за она што ќе треба да го работите.
Запознајте го потенцијалниот работодавач. Важно е да знаете во каква компанија одите на интервју и во кој сектор би работеле.
Ако работодавачот види дека имате потенцијал и сакате да учите, ќе ви даде шанса да работите иако немате искуство.