Како Дачиќ го оцени влијанието на САД на Балканот?
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2017
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави дека САД отсекогаш имале влијание во балканскиот регион, кое за жал не е толку позитивно.
Ова е прв коментар на официјален Беглрад на извештајот на Атлансткиот совет за новата стратегија за Балканот, а кој предлага историско помирување на САД со Србија, како и обнова на репутацијата на Вашингтон како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина и во давањето помош на Грција и на Македонија.
Дачиќ оцени дека тешко ќе се промени форматот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина со цел вклучувње на САД и нагласи дека прашањето за доделувањето дипломатски статус на Руско-српскиот центар во Ниш нема да биде тема на разговорите на Атлантскиот Совет во Вашингтон.
На Конференцијата во Вашингтон на која ќе биде објавен извештајот на Советот за новата американска стратегија за Балакнот, ќе присуствуваат министри за надворешни работи од регионот, високи функционери на Стејт департментот, членови на Конгресот и експерти.