14 Мај, 2024
0.2248

КАКО ДА ЗАРАБОТИТЕ: Земете 50€ и тргувајте со цената на акциите на Google на светската берза!

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Цената на акциите на Google од септември, кога повторно беше покрената истрага против оваа компанија, па се до денес падна 9.43%, меѓутоа се уште е 7.5% над нивото кое го имаше после поделбата на акциите во април оваа година. FXLider, специјално на читателите на  "Фактор", им нуди 50€ наменети за тргување со цената на акциите на Google и другите најголеми светски компании на светската берза, единствената берза на која инвеститорите можат да заработат и на растот и на падот на цената. Земете 50 евра за тргување овде. Европскиот парламент го усвои нацрт предлогот кој е наменет за Европската комисија, извршниот орган на ЕУ, во кој се сугерира одвојување на Google пребарувачот од останатите комерцијални сервиси, што според нивно мислење е едно од решенијата за досегашната пазарна доминација на Google. Теоретски, ова раздвојување би требало да овозможи спречување на останатите комерцијални услуги на Googlе, како што се  YouTube и  Google Shopping, да ја користат својата доминантна позиција која им ја обезбедува пребарувачот. Како што наведува м-р Никола Димков од FXLider, оваа идеја има подршка од двата највлијателни политички блока во парламентот на социјалистите и Европската народна партија. „Гласањето со кое би се осудила оваа голема американска компанија е екстремно редок потег од страна на Европскиот парламент и делумно е одраз на овогодишното свртување на германските политичари во однос на Google. Политичарите од десниот и левиот центар кои претставуваат доминантна сила во германскиот корпоративен свет, од медиумските групи до телекомуникациите, се најсилни поборници за критиките кон оваа компанија“, вели Димков од FXLider. Google стана центар на европските напади поради многуте проблеми, од комерцијалната доминација до приватната политика. Компанијата неодамна беше присилена да ја прифати одлуката на Европскиот суд за забрана на индексирање на линкови кои се однесуваат на минатото на луѓето. “Европскиот парламент нема формална моќ да ги дели компаниите, но има се поголемо влијание врз Европската комисија која ги иницира сите закони во ЕУ. Веќе пет години Комисијата го разгледува прашањето за доминантната положба на  Google во online пребарувањето поради тврдењето дека во пребарувањето ги фаворизира своите услуги со што се намалува профитот на ривалите.  Загриженоста на Европа потекнува од фактот дека Google држи околу 90% од европскиот пазар наспроти 68% колку што претставува неговиот удел на американскиот пазар“, наведува Димков. Поради големиот број на жалби, Европската комисија повторно ја отвори истрагата во септември. Потпретседателот на Европската комисија, Joaquin Almunia, исто така изјави дека постои можност да се започне и истрага за Android, оперативниот систем на Google за мобилна телефонија кој го користат околу 75% паметни телефони во Европа. Google од своја страна и понатаму се држи цврсто до својот став, дека не ги промовира своите производи на сметка на конкуренцијата, туку само се труди да остварува најдобри резултати. И покрај тоа што одбиваат да го коментираат неодамнешниот потег на Европскиот парламент, раководителите на компанијата се разбирливо лути, како што се смета поради потезите на политичката позадина. FXLider е регионален лидер за услуги и платформи за пристап и тргување на светскиот финансиски пазар, во Македонија е присутен веќе 5 години.  Благодарение на единствената поддршка која им ја дава на своите клиенти, бесплатната едукација која ја спроведува ширум регионот и работењето во склоп на најригорозните европски стандарди, FXLider бележи константен раст од година во година. Со тим од над  40 искусни економски стручњаци, на своите клиенти им нуди можност за инвестирање во деривати, валути, стока, акции на најголеми светски компании и индекси. FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970. Покрај долунаведеното одрекување од одговорноста, овој материјал не претставува понуда , или барање за извршување на трансакции за било кој финансиски инструмент. Друштвото  Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да се состои од овие коментари или за последиците кои произлегуваат од нив.  Не се даваат никакви изјави ниту гаранција за точност и потполност на информациите. Следствено на тоа секое лице постапува во таа смисла во потполност на свој ризик. Секое обезбедено истражување, не зема во предвид специфични инвестициски цели, финансиски ситуации и потреби на одредена особа која може истите да ги прими. Ова не е составено во склоп на законските барања, осмислен да промовира како такво независност на инвестициското истражување.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти