18 Мај, 2024
0.0416

Како да симнете до 4 килограми за една недела?

Објавено во: Стил 19 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Кога започнуваме диета, сакаме таа не само да вклучува корисни храна и пијалаци, но и да има брз ефект. Следниот режим на исхрана е токму таков.

При строго држење до него може да го симнете за 7 дена до 4 килограми.

Запишајте си и не заборавајте дека за да ги задржите добиените резултати, добро ќе биде да ги исклучите од менито тесто грицките, лакомството, мрсните и преработена храна.

Појадок

Секое утро започнувајте го денот со чаша млака вода со свеж сок од лимон. Овој пијалок ќе ви помогне да го пречистите организмот од токсините и да го активирате вашиот метаболизам.

Половина час по земањето доручкувајте две јаболка или два портокали / грејпфру. Кон плодовите може да додадете и ½ чаша јаткасти плодови бадеми, лешници, ореви.

Јатките содржат антиоксиданси кои му помагаат на организмот да го намали штетното влијание на слободните радикали и да го активира метаболизмот. Оревите се богати и со корисни масти и витамини и ќе ви дадат енергија во текот на целато утро.

Ручек

На ручек може да консумирате печено или варено пилешко / телешко месо без кожа или да го замените со риба, или пак една чинија нискомаслено кисело млеко.

Ужина

За Ужина е дозволена 1 банана или мала чинија со зелена салата. Бананите се едни од најпознатите енергетските овошје. Богати се со калиум, корисни влакна, ја поттикнуваат функцијата на цревата и го намалуваат нивото на холестерол.

Вечера

Вечерата се состои од две тврдо варени јајца, зелена салата со краставица и кромид, засладена со лимон, маслиново масло и морска сол.

Освен вода и кафе дозволен пијалок ви е зелениот чај. Три чаши на ден зелен чај може да ви помогне да согорите 80 калории. Кон ароматичниот чај додадете и парче лимон. Не заборавајте да вежбате, за да биде согорувањето на калории навистина ефикасно.