18 Мај, 2024
0.0274

Како да се решат ненаплатливите кредити?

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Виенската иницијатива која ги опфаќа финансиските институции и банки, се заложи да го реши проблемот со ненаплатливите кредити во Средна, Источна и Југоисточна Европа. Како што се наведува во соопштението, на состанокот на Управниот одбор на координацијата на банките на Европа, договорено е Виенската иницијатива да ги ангажира банките, регулаторите и меѓународните финансиски институции заради создавање поттик за брзо и „фер решение“ на проблемот со лошите кредити во три европски региони и за создавање на заеднички акциони планови. Се потсетува дека нивото на лоши кредити во поголемиот дел од земјите од овие три региони е многу високо и дека продолжува да расте, поради што проблемот треба да се решава заеднички. Приоритет ќе биде поддршката на растот на кредитните кативности поради што е формирана работна група која ќе направи проценка на сегашните модели на кредитирање и ќе предложи нови. Управниот одбор на Виенската иницијатива внимателно ќе го надгледува „нивото на изложеност“ на банкарските групи на пазарите во регионот, односно, евентуалното повлекување на капиталот и трендот на кредитирање поради ризикот по кредитното заздравување. Најавено е дека приоритети ќе бидат брзиот развој на локалните извори на финансирање во земјите од Средна, Источна и Југоисточна Европа. За тоа се особено важни развојот на пазарите на капитал во локалните валути и јакнењето на Европската банкарска унија. Меѓународните финансиски институции, на предлог на Европската банка за обнова и развој, во јануари 2009 година, воспоставија меѓународна рамка за координација и соработка заради управување со кризата - Виенска иницијатива. Мотив беше тоа што, по избивањето на светската финансиска криза во втората половина на 2008 година, се постави прашањето, дали банките од Западна Европа кои работат во Средна, Источа и Југоисточна Европа, ќе ги напуштат тие пазари. Целата на втората фаза од Виенската иницијатива, покрената во јануари 2012 година, е наоѓање одговор на пошироките меѓународни ризици кои ги погодија овие три региони.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години