Како да се борите со конкуренцијата на работа?
Објавено во: Финансии 15 Мај, 2016
Денес конкуренцијата меѓу вработените е многу поголема од пред десетина и повеќе години, а тоа го покажуваат бројни истражувања.
Тоа се должи и на економската криза, и затоа вработените мора многу труд да вложат за да го задржат работното место.
Затоа, залагајте се да сработите што повеќе. Следете го примерот на најдобриот работник во фирмата. Поставете си цели и предизвици кои мора да ги совладате за да напредувате.
Бидете тимски играч и своето знаење поделете го со другите колеги.
Најдете си ментор, односно најдете искусен колега со кој ќе работите.
Работете за доброто на фирмата и имајте на ум дека сте дел од исти тим. Како ќе напредувате, така ќе градите една поширока слика за себе.