18 Мај, 2024
0.0264

Како да оставите добар впечаток во три чекори

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Без разлика дали е во прашање разговор за работа или е запознавање со други лица, првиот впечаток е мошне важен. Еве неколку совети како тоа да го направите на најдобар можен начин. 1.Насмевката е клучот Наједноставен начин некој да ве засака е веднаш да му ја покажете насмевката. Искрената насмевка порачува:„Расположена сум ‘‘, „Мило ми е што те гледам‘‘ „ Ми се допаѓаш‘‘. Луѓето се преокупирана со  секојдневните обврски. Постојана брзаат , намуртени се, но кога ќе видат  ведро лице- тоа делува на мозокот и  го поттикнува лачењето на хормонот на среќата. 2.Вежбајте го своето помнење Многу често слушаме како луѓето се правдаат дека не ги помнат имињата, но тоа не е во природата на човекот, и зборува за недостаток на фокусот и трудот за помнење. Доколку во разговорот го споменете името на соговорникот, веднаш ќе ја добиете неговата наклонетост. Затоа потрудете се, концентрацијата да ви биде на високо ниво кога се запознаватате со некого. Стегнете ја раката на соговорникот, погледнете го во очи, претставете се и изговорете го неговото име за полесно да го запомните. 3. Нека разговорот биде во интерес на соговорникот Најдлабоката желба во природата на човекот е да бида ценет. Можеби сте вие најинтересната личност во светот или можеби сте го освоиле Монт Еверест, но соговорникот очекува да се заинтереирате за она што тој го прави. Кога прв пат се запознавате со некого , важно е да му го поклоните она што тој го сака ,а тоа е внимание. Ако преку разговорот спомне дека има некое хоби , искористете го тоа. Заинтересирајте се за тоа и дајте му до знаење дека сакате да научите нешто ново.