18 Мај, 2024
0.0459

КАКО ДА НАЈДЕТЕ РАБОТА ВО МАЛТА: Македонец раскажува што треба да направите

Објавено во: Економија 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Скопјанецот Сашко Дамјановски  кој од неодамна е во Малта за сите граѓани објаснува како полесно може да се најде работа во оваа земја и кои се условите.

Се бараат рецепционери, собарки, луѓе за работа во градежништво, угостителство, хигиеничари, а поретко има понуди за работа во фабрика. Вели дека во поголемите градови има повеќе потреба од работници, но таму и трошоците за живот се поголеми. Инаку минималната сума  за час работа е  4.25 евра, во градежништво 6 евра, за оние со ЕУ пасош ги плаќаат и по 9 или 10 евра од час.  Тој работи како обезбедување во елитен клуб и е задоволен.

Според него, најлесниот пат до работа е да се аплицира преку тамошните агенции за работа.

„Најлесен начин да се најде работа на Малта е да се аплицира преку овдешните агенции за работа, а  за да се аплицира треба да ги направите следните чекори:  поради се построги контроли на Малта треба да си резервирате повратен билет нормално, а за краток временски период треба да имате резервирано хостел или апартман или да најдете познаник кој има малтешка лична карта и ќе каже дека ви е роднина и дека одите кај него во посета. При тоа мора да имате доволно финансиски средства и да покажете затоа што при влез во Малта бараат по 50 евра од ден. Откако ќе влезете во Малта имате две варијатни, да ризикувате да работите на црно или да аплицирате преку агенција“ – вели Дамјановски.  

Додава дека за да аплицирате мора да најдете стан кој во овој период ќе ве чини над 700 евра, потоа да оставите депозит околу 700 евра и за агентот  да платите уште 400 евра.

„Тоа искрено е најтешко, меѓутоа мора затоа што за да се аплицира за работа е потребен договор за стан за една година. Исто така треба да подготвите EUROPAS CV каде ќе имате препорака од некоја легална фирма од Македонија со посебен RECOMENDER или препорака каде ќе има дека вие сте работеле најмалку три години во истата фирма. Ова се меѓу другото најважните документи за кои луѓето кои доаѓаат не се информирани“ – објаснува скопјанецот.

За себе вели дека сето ова го чинело многу нервози, време, но на крај работите завршиле добро и сега барем имаат искуство.

Објаснува дека ако имате ЕУ пасош ќе ви биде многу  полесно, а воедно ќе имате и повисоки примања.

„Откако сето ова ќе го имате се аплицира во некоја агенција и тука имате поволности, тие ви покриваат трошоци од околу 500 евра, а потоа ви ги одбиваат од плата. Откако ќе аплицирате ви даваат син картон, и за еден месец вие имате малтешка лична карта со која имате престој и можност за работа до една година, а потоа ја обновувате. Исто така важно е да се напомене дека во таа една година можете да работите само и само за агенцијата преку која сте аплицирале“ – рече Дамјановски.

За храната и средставата за хигиена вели дека цените се скоро како во Македонија, а зеленчукот и овошјето се нешто поскапи, додека излегувањата се доста поскапи од Македонија.

Овој човек вели дека немал порано желба да ја напушти Македонија, но последните години сакал децата да ги изведе на прав пат и да им обезбеди подобра иднина. За син му кој е готвач вели дека пронашол работа во елитен хотел и за почеток добил 1100 евра плата.  Објаснува  дека плановите им се за некој месец да им се придружат сопругата и ќерката и да ги остваруваат своите соништа.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа