18 Мај, 2024
0.0272

Како да изгледате млади и по 40-та година?

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Од лабораториите на германскиот бренд за медицинска козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигнува иновација во полето на борбата против стареењето на кожата - Eucerin Volume-Filler колекцијата за нега на лицето. На свечената промоција на новата колекција во скопскиот хотел Стоун Бриџ, се одржа едукативно предавање на тема стареење на кожата, превентивата и нашиот одговор на тој процес, како и новите тенденции во грижата за возрасна кожа. Пред поголем број на фармацевти, доктори дерматолози и претставници од медиумите, предавањата ги одржа д-р Соња Петрушеска специјалист - дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин. - Со текот на времето, под влијание на различни надворешни и внатрешни фактори, кожата ја губи својата еластичност и волумен, па со самото тоа и контурите на лицето стануваат помалку видливи. Видливи знаци на стареењето се брчките, но друг важен аспект во целиот процес на старењето на кожата е и загубата на волуменот на кожата.Опуштени веѓи, бледи образи, поместување на усните надолу, помалку изразени контури на лицето се само некои од знаците за загуба на волуменот, а искуствата покажуваат дека ниеден третман против овој дерматолошки проблем не даде задоволителни резултати. Водејќи се од потребите на современите потрошувачи, по обемни шестгодишни истражувања и 22 студии, тимот експерти од Еуцерин ја создадоа Eucerin Volume-Filler колекцијата - напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареењето на кожата – изјави д-р Соња Петрушеска. Eucerin Volume-Filler содржи три состојки кои делуваат ефикасно против факторите кои причинуваат кожата да ја губи својата еластичност, форма и волумен. Делува на сите слоеви на кожата, регенерира, правејќи ја кожата мека и еластична. Високо ефикасната состојка Магнолол го зголемува волуменот на кожата, хијалуронската киселина ефикасно ги полни брчките одвнатре кон надвор, додека олигопептидите ја стимулираат синтезата на колаген. Содржи и СПФ 15 заштитен фактор и УВА филтер кој штити од штетните сончеви зраци. Производите се без парабени и додатоци за боја, со напреден заштитен систем што ги прави едноставни за користење и истовремено особено ефикасни. Клиничките тестирања докажаа дека кожата одлично ги поднесува. Новата линија се состои од дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа и крем за околу очите, обезбедувајќи и на кожата потполна нега и заштита во текот на целиот ден. Следеше конструктивна дискусија, во која зедоа учество дел од присутните, кои најмногу се интересираа за тоа од која година и со каква крема треба да се почне со нега на кожата, со каква декоративна козметика да се комбинира Еуцерин колекцијата и други прашања за што и беа советувани и информирани.