16 Мај, 2024
0.0265

КАКО ДА ГИ НАДМИНЕТЕ: Три знаци кои покажуваат дека се плашите од успех

Објавено во: Финансии 30 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Од сите стравови со кои се соочуваат луѓето кога почнуваат бизнис, стравот од успех е дефинитивно меѓу најсилните.

Колку често сте слушнале дека луѓето велат дека сакаат да направат нешто, но така и не се фаќаат за работа? Ако сте доволно искусни во играта што ја нарекуваме живот, веројатно сте биле сведоци на многу слични ветувања.

Лесно е да се забележи стравот од успех кај другите луѓе, но тоа не е толку лесно да се препознае во себе. Многумина кога сфатиле дека се плашат од успех, сфатиле дека всушности самите себе си се саботираат.

Ова се некои знаци кои ќе ви помогнат да разберете дека се плашите од успех.

1. Се плашите дека успехот ќе го комплицира вашиот живот

Целото внимание што беше посветено на прашањето за рамнотежата помеѓу работата и животот во последниве години многумина натерале да мислат дека за да бидете успешни мора да работите повеќе од другите. Милсите дека ќе мора да се откажете од животот што го имате за да ги постигнете вашите професионални цели.

Се испостави дека ова не е точно, особено кога успехот ви дава можност да заработите повеќе пари за помалку време.

Сепак, ова не е единствената причина да се плашиме од компликации. 

Да размислиме за секунда. Дали незадоволен клиент преовладува над сите кои се среќни? Не постои начин. Дали успехот секогаш носи проблеми со судот или со некои криминалци? Се разбира, не.

2. Се грижите за мислењето на другите

Многу често успехот го привлекува вниманието на другите кон вас. Ова е природен дел од реалноста, особено во времето на социјалните мрежи.

Имајќи го тоа на ум, ќе видите многу амбициозни луѓе со големи идеи да ги одложат своите соништа, бидејќи тие се грижат дека ќе бидат судени и критикувани кога ќе добијат поголемо внимание.

Понекогаш дури не станува збор за негативизам и вознемирување во социјалните мрежи, туку за стравот да бидат критикувани од семејството и пријателите.

3. Голем успех носи повеќе одговорности што мислите дека нема да ги постигнете

Сигурно познавате неколку луѓе кои велат дека сакаат поголем успех во бизнисот. Под успех тие мислат на пари, бидејќи тие се нешто што може да се мери. Во исто време, тие се плашат од големи суми на пари, бидејќи, како што вели една изрека: "Повеќе пари, повеќе проблеми".

Проблемите можат да бидат во форма на повисоки даноци, повеќе луѓе бараат заеми од вас, потреба од финансиски ментор, управување со голем капитал и многу повеќе.

И покрај долгите години поминати во светот на бизнисот и финансиите, многу бизнисмени се изненадени од тоа колку е чест овој страв. Вистината е дека на почетокот секој мора да се соочи со истиот страв. 

Проблемот на стравот од успех е во неговата подмолна природа, бидејќи сите веруваат дека сакаат да успеат. Меѓутоа, ако не ги видите саканите резултати, може да имате проблем што не сте го замислиле.

Вистината е дека луѓето раскажуваат цел куп пронајдоци кога станува збор за успех. На прв поглед, тие може да изгледаат логично, но со подлабока анализа сфаќате дека немаат смисла.

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка