02 Мај, 2024
0.0266

КАКО „БЕТОН“ ВЛЕЗЕ ВО ЗАГУБА ОД 3,9 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - повисоки цени на материјалите, а стари договори со државни институции

Објавено во: Економија 06 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Градежната компанија „Бетон“ во првото полугодие од годината влегла во загуба од дури 3,86 милиони евра.

Ова може да се види од билансот на успех на компанијата за првите шест месеци во 2021 година. 

Од „Бетон“ во својата информација до јавноста испратена преку Берзата објаснуваат дека загубата се должи на зголемените цени на градежните материјали, кои тие не можеле да ги надоместат, затоа што во договорите за проекти претежно со државни институции, кои им се почнати од претходно, не можеле да ги корегираат цените. Како една од причините се наведува и ниската реализација.

Еве всушност какво е објаснувањето од компанијата за искажаната загуба од 237,6 милиони денари, односно 3,86 ,илиони евра.

„Вкупната загуба изнесува 237.637 илјади денари (3,86 милиони евра - н.з) и е резултат на ниската реализација и зголемените трошоци на материјалите, посебно заради фактот што се завршуваа долгогодишни проекти за кои се вршени пресметки неколку години претходно и чии договори не дозволуваат корекција на вредностите, најчесто работејќи се за проекти чии инвеститори се државни институции. Сведоци сме на енормен раст на инпутите во градежништвото, како и недостиг на работна сила која дополнително придонесува кон зголемување на цените на влезните материјали и услуги“, се вели во образложението на финансиските резултати во ценовно чувствителната информација испратена до Берзата.

Инаку, како што наведуваат од „Бетон“, во периодот јануари-јуни 2021 година остварени се вкупни приходи во износ од 410.157 илјади денари, што е за 38 отсто помалку во однос на истиот период од претходната година.

„Намалувањето на приходите е резултат за завршување на проектите од претходните години, како и завршување на подготовките за воведување во работа на нови проекти, од кои еден проект е во странство и кои треба да започнат со изведба во втората половина од годинава“, објаснуваат од компанијата.

Во првата половина од годинава, пак, остварени се вкупни расходи од 647.795 илјади денари, што е на исто ниво од претходната година.

Сепак, од ова акционерско друштво објаснуваат дека и покрај тешките услови за работа и оперирање во економија која има намален раст, во периодот од 2020 и првата половина на 2021 година, инвестирале во дополнителни основни средства, односно во опрема и механизација, во вкупен износ од 146 милиони денари.

Што очекуваат за следниов период?

Влијанието на светската пандемија од Ковид 19 е сè уште присутно врз светската економија. Секторот градежништво во времето на пандемија продолжи да функционира, но во изменети и новонастанати околности во смисла на отежнети услови за работа, успорување на активностите при набавка и движење на работници, како и зголемување на цените на глобално ниво.

„Нашето очекување за престојниот период е дека пандемијата се уште ќе влијае негативно на непречено вршење на активностите во овој сектор, особено после септември 2021 кога се очекува и повторен бран на ширење на заразата. Флуктуациите на цените на влезните материјали и услуги и понатака ќе бидат значителни, со што е потребна и адаптација на начинот на работење и договарање во краток рок со цел реализација на планираниот профит и зачувување на вредноста на инвестицијата на нашите акционери“, потенцираат од компанијата.

Додаваат дека нивната компанија во изминатиот период, работејќи исклучиво на државни проекти, немала можност за брза адаптација на овие промени и падови на економијата, што е всушност рефлектирано во резултатите од првата половина од оваа година. 

„Меѓутоа, следејќи ги движењата на националната, регионалната и глобалната економија, компанијата превзема драстични чекори за преориентирање на своите активности и фокусирање на проекти кои се изработуваат во странство, како и на проекти финансирани од приватни инвеститори во државата, со што се планира диверзификација на приходите и отворање на можности за понатамошен брз раст со кои ќе се компензираат загубите во овие први шест месеци од годинава“, нагласуваат од компанијата. 

Информираат и дека во првата половина од оваа година компанијата веќе потпишала договор за изградба на приватен објект во Хрватска во износ од 8 милиони евра, со рок на изведба до 15 месеци, на кој веќе и почнале да работат во јули годинава.

Се очекува, како што најавуваат, и потпишување на нови договори во Хрватска во износ од 8-10 милиони евра до крај на годината. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?