Како Берлускони заработи 2 милијарди повеќе за една година?
Објавено во: Финансии 21 Декември, 2017
Според индексот за милијардери на Блумберг, ексцентричниот италијански бизнисмен и екс премиер Силвио Берлускони, за една година успеал своето богатство да го зголеми за две милијарди долари.
Берлускони успеа да го продаде фудбалскиот клуб Милан за 740 милиони долари на кинески конзорциум со што се повлече од италијанскиот спорт по речиси три децении. Освен нето растот на богаството преку прилив на овие средства, Берлускони успешно ја води и неговата издавачка медиумска куќа која е најголема во Италија, но и една од најкомпетитивните во Европа.
Вредноста на акциите на Медиасет групацијата и сите нејзини фирми драстично порасна во текот на годината на берзите. Тоа се должи на успешното оддолевање од намерите за преземање од страна на францускиот конкурент Вивенди.
Акционерите и натаму имаат доверба во Берлускони и неговото водство на Медиасет, па така обидите за преземање на францускиот милијардер и соперник Винсент Болеро саму му помогнаа на италијанскиот медиумски могул