Како 5 фунти ги разбеснејаа вегетаријанците?
Објавено во: Свет 02 Декември, 2016
Кога Банката на Англија ја покренала новата банкнота од 5 фунти, навела дека е водоотпорна, трајна и подобра за околината. Оваа информација не ги израдувала веганите и вегетаријанците.
Банката навела дека во бакнотата има масло од животни кое најчесто се добива од говеда, а се користи за производство на сапуни и на свеќи.
Ваквото масло е присутно во полимерите кои се користат за банкноти.
Повеќе од 97.500 луѓе потпишаа петиција за да не се користи вакво масло во производство на банкноти.
Во петицијата се наведува дека тоа е недопустливо за милиони вегани и вегетаријанци во Англија.