26 Април, 2024
0.0287

КАЈ МЛАДИОТ БЕРОВЕЦ КОЈ ПОЧИНА ОД СЕПСА ПОРАДИ ЗАБ НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА - виновна е инфекцијата која не можела да се спречи

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и неможноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави министерот Сали за Сител.

Нема лекарска грешка во третманот на 25-годишниот пациент Јован Димовски од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната Комисија формирана од министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели дека според извештајот, на младиот беровец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа, целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и неможноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција – изјави Сали за ТВ Сител.

Во Основното јавно обвинителство Штип оформен е предмет со цел да се утврдат причините за смртта на пациентот од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип. Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, на крајот на август издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина Скопје.

Роднините на починатиот на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипска болница.

„На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа“, соопшти директорот на Клиниката за трауматологија ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот