Добивај вести на Viber
Сашко Николов досегашниот градоначалник на Штип го пречека во градначалничкиот кабинет новиот „татко“ на градот Иван Јорданов. Објави дека го почестил кафе и цеден сок и додава дека општина Штип ја остава во одлична финансиски ликвидна состојба.
Објави дека на сметката на Општина Штип има 47.000.000 денари, на сметка на ЈП Стипион - 4.100.000 ден. (дополнителни 500.000 ден од паркинг наплата). а на сметка на ЈП Исар - 9.000.000 денари.
„Оставамe 22 проекти, со обезбедени финансии, со завршена јавна набавка и потпишани договори со изведувачи, каде се чека нивно започнување. Му посакувам успешна, чесна и пожртвувана работа на градоначалникот Иван Јорданов, каде сите граѓани на Општина Штип ќе бидат еднакви, објави Николов.