17 Мај, 2024
0.0254

КАДИРОВ СИ ГИ ПРАЌА СОПСТВЕНИТЕ СИНОВИ ВО ВОЈНА, ДУРИ И НАЈМАЛИОТ ЌЕ СЕ БОРИ НА ФРОНТОТ: Децата имаат 14, 15 и 16 години

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и верен сојузник на Владимир Путин, објави дека ги испраќа своите три малолетни синови во војната во Украина. Посочува дека имаат 14, 15 и 16 години, но дека нивната воена обука почнала одамна, од мали нозе.

„Не е доволно само да знаеш да пукаш. Тие знаат како да ракуваат со различни оружја, како да ги користат на било која дистанца и теоретските основи. Отсекогаш сум верувал дека главната цел на секој татко е да всади побожност кај своите синови и да ги научи да го штитат своето семејство, народ и татковина. Ако сакате мир, подгответе се за војна“, објави Кадиров на Телеграм.

„Ахмат, Ели и Адам се подготвени да ги искористат своите вештини и не се шегувам - време е да се покажат во вистинска борба, а тоа е нивната желба што ја поздравувам“, напиша тој. Наскоро ќе бидат на првата линија“, додаде Кадиров.

Тој ги повика оние кои тврдат дека неговото семејство не учествува во „специјална воена операција“ да го покажат својот дух, идеологија и кои се тие на бојното поле. „Докажете дека сте барем малку мажи“, наведува Кадиров на Телеграм.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра