18 Мај, 2024
0.0266

Каде „запнаа“ законите: За новите тутунски производи се чека владина одлука

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најавени и готови уште летоска, законите кои дозволуваат увоз на нови тутунски производи никако да го поминат владиниот филтер. Новиот закон за тутун и тутунски производи и измените на Законот за акцизи се уште се во фаза на доработка и надлежните министри не ги доставиле на усвојување во Влада и покрај тоа што веќе беа вметнати и експертските забелешки и помина дебатата. Со нив се регулира производството и прометот на електронските цигари, на несогорливиот тутун, на растителните односно билни производи за пушење. А кога станува збор за несогорливиот тутун и производот кој се користи со помош на уред во кој тутунот се загрева, а не согорува, Македонија е последна земја од регионот во која не е регулирана продажбата. Дел од граѓаните во земјава веќе ги користат, ама тие производи ги купуваат во соседните земји.  Најпознат е IQOS (ајкос) кој се употребува со HEETS цигари.

„Ние последни ќе ги пуштиме во употреба овие нови производи чие производство и промет е регулирана во новиот закон за тутун. Документот беше на доработка во Секретаријатот за законодавство кој имаше забелешки кои ние ги корегиравме, но уште се чека Законот да помине на Влада. Инаку да, со овој закон ќе се се регулира пазарот, но и новите тутунски призводи како што се електронските цигари, растителни, и несогорливиот тутун. Станува збор за комплетно нов современ закон на кој се работи од 2016 година, вели за Фактор, Златко Арсов, професор на Институт за растителна биотехнологија при Факултет за земјоделски науки во Скопје и претседател на комисијата (работната група) за изработка на новиот закон за тутун.

Од Министерството за земјоделство за Фактор потврдуваат дека Законот е во Секретаријатот за законодавство.

„Предлог законот за тутун, производи од тутун и сродни производи беше поставен на електронскиот систем Е-Влада и се добиени мислењата од сите релевантни институции.Во тек е усогласување на Предлог законот за тутун, производи од тутун и сродни со Секретаријатот за законодавство. По конечното усогласување истиот ќе се поднесе на усвојување од Владата, велат од Министерството.

Инаку прометот на овие производи е регулиран и со Измените на законот за акцизи. Јавната расправа заврши во јули годинава. Индустријата и бизнис - секторот даде поддршка, а тој беше дополнет од сите инволвирани страни, комисии, работни групи од Стопанска комора. Сега се чека Министерство за финансии да го поднесе и да се усвои од Владата. И покрај нашите обиди да добиеме одговор од Министерството за фианнсии, оттаму десетина дена нема коментар до каде е процедурата.

Фактор уште на крајот на јули пишуваше дека новата регулатива ќе овозможи увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи кои досега граѓаните ги набавуваа од странство. Станува збор за производ од тутун кој се користи со помош на уредот во кој тутунот се загрева, не согорува, а се инхалираат продуктите кои испаруваат при загревањето. Дел од граѓаните во земјава веќе го користат, ама го набавуваат од соседните земји, од Бугарија, Србија или Грција, каде продажбата веќе беше регулирана.

Најпознат е IQOS (ајкос) кои доаѓа со производот HEETS цигари. Се купува од Србија каде моментно е најевтин, односно чини помалку од две евра. Овој тип „цигари“ се поскапи во Грција, но не е мал бројот на пушачи од земјава кои ги купуваат и оттаму. Од Министерството за финансии тогаш потврдија дека со новиот закон сега овој производ ќе може да се увезе и да се продава и кај нас.Генерален застапник за овој производ е Филип Морис. Компанијата на меѓународно ниво има вработено повеќе од 400 научници и експерти и инвестирала над 3 милијарди долари во истражувања, развој на производи и научна поткрепа. Резултатите од научните истражувања за потенцијалот за намален ризик на IQOS, според сознанијата се ветувачки. Компанијата поднела и апликација за тутунски производ со модифициран ризик IQOS до Центарот за тутунски производи во Американската Агенција за храна и лекови.Финалната одлука се очекува во текот на 2019 година.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа