14 Мај, 2024
0.0658

Каде со овие цени - Инфлацијата го нагриза животниот стандард

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Растот на цените сериозно го загрозува животниот стандард на граѓаните со намалување на куповната моќ. За само една година цените на мало се зголемени за над 7%, додека пак трошоците за живот се зголемени за над 6%.

Пред пандемијата просечната нето плата изнесувала 27.000 денари, а сега според последните податоци на Државниот завод за статистика „скокнала“ за 2.000 денари. Но, во меѓувреме цените на горивата достигнаа плафон. Ако во 2020 година пред налетот на коронавирусот просечно литро гориво чинело 66 денари, сега во просек горивото е 82 денари.

Струјата само по Нова година е поскапена за 9,5%, со што цените на инпутите во индустријата и трговијата драстично се поскапени, а растат и трошоците на граѓаните и приватниот сектор.

Иако стапката на сиромаштија се намалува во последните десет години и натаму изнесува околу 20%, што значи дека секој петти жител на Македонија се соочува со прашања на основна егзистенција.

Народна банка не брза со мерки

Од Народна банка засега не најавуваат промени во монетарната политика со зголемување на каматните стапки. Основната каматна стапка по последната седница останува 1,25%.

Дел од економските експерти сметаат дека кога тогаш каматните стапки ќе мора да се зголемат, за од една страна да се намали притисокот врз потрошувачката, а од друга страна да се намали циркулирањето на „бесплатните“ пари кои во изминатиот период беа истурани во економијата како помош за справување со Ковид-19 кризата.

Од НБРМ оценуваат дека забрзувањето на годишната инфлација која во јануари достигна 6,7%  се должи на растот на цените на енергенсите и храната, а ценовните притисоци се главно на страната на понудата.

Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци.

Народната банка, дополнува и дека е подготвена за соодветна реакција преку инструментите на монетарната политика доколку растот на цените продолжи и влијае врз инфлациските очекувања.

Според податоците инфлацијата е во нагорна линија. Во 2021 година изнесувала 3,2%. Во последните пет години не била повисока од 1,5%, а две години била и во „минус“.

Храната историски скапа

Храната достигна рекордни поскапувања кои според ФАО не се забележани во последните 10 години. Овој проблем е глобален, но големо влијание имаат и локалните услови во Македонија, бидејќи инпутите во земјоделското и индустриското производство на храна се драстично поскапени, па така и достапната храна од домашно потекло е многу поскапена.

Министерството за економија кое презеде чекори за замрзнување на цените на дел од основните продукти, најавува мерка и за ограничување на маржите на странските производи од увоз кои не може да бидат поголеми од 5% исто така претежно насочени кон храната.

„Една од опциите е да се даваат маржи во делот на увоз на прехранбените производи и во делот на трговија на мало и големо. Тоа значи дека нема да има замрзнување на цените, туку само ќе се дава маржа, имајќи во предвид дека неколку производи кои не се произведуваат во нашата држава, а се увезуваат, може да имаат многу големи цени, а со ваква мерка дополнително ќе влијаеме на цените“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?