08 Мај, 2024
0.0241

Каде се стопи добивката на ФЗЦ Куманово?

Објавено во: Економија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Големиот раст на оперативните трошоци ја стопил добивката лани во однос на 2016 година. Компанијата силно продрела на странските пазари, но многу ја намалила продажбата дома. Обврските пораснале за речиси 300 милиони денари.

Кумановската фабрика за цевки (ФЗЦ) лани ги зголеми приходите од продажба за 109 милиони денари, но расходите пораснале за безмалку 400 милиони денари што воопшто не е охрабрувачка вест за малите акционери и за ловците на капитални добивки кои тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност.

Како резултат на зголемените оперативни расходи оваа голема производствена компанија лани имала оперативна добивка од 76,4 милиони денари која по намалувањето за трошокот за платени камати е сведена на 34 милиони денари. Во споредба со крајот на 2016 година нето добивката на ФЗЦ паднала за речиси 5 пати односно 126,55 милиони денари. Тоа е пад од 77 отсто во однос на добивката остварена во 2016 година.

Светла точка продажбата од извоз

Кумановската компанија значајно ги зголемила своите приходи во извоз лани во споредба со 2016 година. Тие лани се поголеми за 85 отсто односно за речиси 630 милиони денари односно за 10 милиони евра. Неговите приходи од продажба надвор од земјава достигнаа 1,366 милијарди денари. Наспроти тоа огромен пад на приходите од продажба на домашниот пазар. Тие колабираа затоа што од 747,8 милиони денари се намали на 258,2 милиони денари. Тоа е намалување за безмалку 500 милиони денари односно за 65 отсто. Кога се знае дека најголем домашен проект е државниот гасоводен систем се добива појасна претстава на што се резултат овие намалени приходи.

Залихите на ФЗЦ на крај на ланската година биле 764,4 милиони денари и се зголемени за 50 отсто во однос на крајот на 2016 година. Во однос пак на залихите од почетокот на 2017 година до крајот на ланската година тие пораснале за околу 250 милиони денари.
Оперативните расходи на компанијата во најголема мерка се состоеле од трошоци за суровини и други материјали кои се на износ од 1,366 милијарди денари. Тие се зголемени за 31 отсто. Втора по големина расходна ставка се трошоците за вработени и тие изнесуваат 227,1 милиони денари и бележат раст за 6 отсто.

Обврските на ФЗЦ лани се зголемени за речиси 300 милиони денари односно за 27 отсто и на крај на 2017 година изнесуваат 1,411 милијарди денари. Компанијата речиси и нема долгорочни обврски затоа што тие изнесуваат само 35 милиони денари. Кај краткорочните обврски значајни растови бележат краткорочните кредити и обврските спрема добавувачите.

За сите инвеститори на берзата е многу значајно да знаат дека оваа компанија има акумулирана загуба во износ од 1,966 милијарди денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката