28 Април, 2024
0.0273

Каде се најголеми, а каде најмали „државните“ плати

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Анализата направена од Фондацијата за демократија на „Вестминстер“ во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа “.покажува дека најголеми средства од државниот буџет за бруто и нето плати по вработен на месечно ниво во 2016 година се издвоени за Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тоа по 96.071 денар просечна бруто, осносно 63.854 денари просечна нето-плата по вработен.

А најниски месечни расходи за бруто и нето плати во 2016 година биле реализирани во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор со најниска месечна бруто-плата од 26.542 денари, или 18.174 денари месечна нето-плата по вработен.

„Од 2010 година до денес, може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017. Ваквиот тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто-плата која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување е во постојан пораст и од 42.474 во 2010, се искачил на 47.364 во 2016, што претставува околу 15 отсто од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период“, се вели во анализата.

Извештајот исто така покажува дека, според податоците во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати и надоместоци по вработен кај сите буџетските корисници на централниот буџет изнесува 42.563 денари, што е за скоро 10.000 денари поголем износ во однос на просечната бруто-плата во  Македонија за 2016 година. Или просечната месечна нето-плата по вработен кај сите буџетски кориници за 2016 година изнесува 28.700 денари, што пак е поголема за 6.360 денари од просечната месечна нето-плата во државата.



Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување