Добивај вести на Viber
Милионерите одлучиле оваа година своите пари да не ги вложуваат во САД туку кон Европа. Дали ова е мудар потег или не? Сепак оваа година богатите дефинитивно ќе инвестираат токму на Стариот континент, а не во кој и да е друг регион во светот. Или барем така покажува последното истражување на Spectrem Group, пишува CNBC.
Анкетата направена меѓу инвеститори, кои поседуваат над 1 милион долари, открива дека милионерите се исклучително претпазливи кога станува збор за инвестиции во странство. 58% одговориле дека оваа година нема да инвестираат надвор од САД.
Но од оние кои имаат намера да ги насочат инвестициите во странство, најмногу во обновување на Европа. Во 2014 година, 20% од нив ќе инвестираат во Стариот континет.
Следува Кина со 16%, Бразил со 12%, Канада - 11 отсто, Јапонија и Австралија со по 8%. Индија и Британија заработуваат 7% од гласовите. Русија го зазема последното место во своевиден рејтинг со 3%.
Милионерите се претпазливи и во однос на нивните инвестиции во САД. Запрашани во што најверојатно ќе ги вложат своите пари во 2014 година, најмногу од испитаниците одговориле платежни или штедни сметки - 55%. Акциите се вторите најпосакуваните алатки со 52%.
К.К.