17 Мај, 2024
0.0347

ЈУЖЕН ТЕК – главоболка за ЕУ и кога го има и кога го нема

Објавено во: Свет 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Јужен тек претставуваше главоболка за Европската унија во моментот кога Москва инсистираше на негова изградба, но откажувањето од овој проект носи нови проблем, коментира Ројтерс. Сега пред ЕУ е прашањето како да се дојде до алтернативни извори на енергија кои ќе обезбедат сигурна испорака на гас за земјите од Југоисточна Европа. Според анализата на Ројтерс, овој гасовод беше од најголеми значење за Србија, Бугарија и Унгарија, бидејќи на тие земји требаше да им овозможи достава на гас заобиколувајќи ја територијата на Украина, со помал ризик за прекин на испораката. Агенцијата проценува дека Јужниот тек всушност е „жртва на придушената европска побарувачка за гас и падот на цената на енергенсите“, но и на спротивставувањето на Европската комисија за овој проект. Потпретседателот на бугарската Влада Томислав Дончев изјавил дека Бугарија сега очекува „посебен третман“ од Европската унија за да ја ублажи штетата настаната од откажувањето на проектот. „Ако го нема овој проект, тоа е загуба за Бугарија. Бугарија не може да биде монета за поткусурување во оваа сложена геополитичка ситуација. Не смее да биде ставена во таква улога“, рекол Дончев. Ројтерс потсетува дека за еден број земји од Југоисточна Европа, Јужен тек бил мерка за обезбедување за да не се повтори ситуацијата од јануари 2009 година, кога ценовниот спор меѓу Москва и Киев го прекина транзитот на гасот преку Украина, заради што овие земји останаа без гас во текот на зимските температури под нулата. Во фокусот на повеќето земји од регионот сега е пронаоѓање на алтернативни извори на енергија со кои ќе се надоместат намалените залихи предизвикани од откажувањето на изградбата на Јужен тек. Едно од потенцијалните решенија, според Ројтерс, е предлогот за поврзување на словачкиот гасен јазол, кој се пополнува од различни извори. На него би се поврзале балканските земји и тоа преку гасовод кој би се движел покрај југозападната граница на Украина, Романија и Бугарија. „Со оглед на околностите, ова е најдобро економско и стратешко решение кое е на располагање“, изјавил директорот на операторот на словачкиот гасовод ЕУстрим, Томаш Марачек. Друга опција е изградба на терминал за течен природен гас на хрватскиот остров Крк, со што танкерите кои пренесуваат катарски, алжирски и евентуално американски гас би добиле можност за испорака до балканските земји. Третата можност е Трансатлантскиот гасовод (ТАП) кој треба да пренесува гас од Каспијското Море, преку Турција до Европа.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра