Јункер кон Ердоган: Не потценувај ја можноста преговорите за членство во ЕУ да прекинат
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2016
Турција треба да ги послуша предупредувањата на Европската унија дека преговорите за членство во Унијата може да бидат прекинати. Ова го изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за белгискиот весник „La Libre Belgique„. Тој и препорачува на Анкара да ги направи реформите за кои блокот инсистира.
Според Јункер изгласаната резолуција на Европскиот парламент за прекин на преговорите со Анкара не треба да се потценува, иако нема задолжителен карактер.
„Иако нема задолжителен карактер, тоа ќе произведе ефекти во главните градови на земјите од ЕУ, кои ги носат одлуките за членство на земјата“, вели Јункер.
Тој исто така ги отфрла заканите на турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој се заканува со прекин на извршувањето на договорот за бегалците и поплавување на Европа со нив.
Јункер му препорача на Ердоган да започне со потребните реформи, а прво да ги изврши потребните промени во антитерористичката легислатива. Друга важна реформа е онаа поврзана со правата на човекот.