19 Мај, 2024
0.0317

Јункер: ЕУ би требала да може да прифати 2 милиони бегалци

Објавено во: Свет 24 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Со своите над 500 милиони жители Европската унија би требало да може да прифати 2 милиони бегалци и покрај тензиите меѓу земјите членки поради доаѓањето на стотици илјади азиланти минатата година. Ова мислење го изрази претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во говор пред лидерите на Европскиот парламент во Луксембург.

Тој додаде дека се чувствува непријатно, кога зборува со водачите во Јордан и Либан, кои се посиромашни од ЕУ, но прифатиле повеќе бегалци од 28-члениот блок.

Истовремено Јункер го коментира и договорот меѓу ЕУ и Турција, велејќи дека „не може шверцерите да се единствените профитабилни помеѓу две членки на НАТО - Грција и Турција поради некоординиран европски систем“.

Претседателот на ЕК повторно ги осуди и едностраните национални одлуки во однос на кризата со бегалците. Без да размислува Австрија поособено, Јункер изјави во понеделникот за време на конференција во Луксембург дека бегалскиот проблем може да се реши само во случај ако „се зборува одлучно за европски одлуки. Еднострани национални решенија ќе доведат само до хаос“, смета тој.

И затворањето на балканскиот правец - некоординирано решение, создаде сериозни проблеми во Грција, додава Јункер. Истовремено, тој го брани договорот со Анкара, предупредувајќи ја дека сепак „72-те услови кон Турција треба да бидат исполнети, вклучувајќи ја и промената на законодавството поврзано со борбата против тероризмот“.

Миграцијата станува чувствителна тема во ЕУ, која ги разделува земјите членки и ја засилува поддршката за крајнодесничарски и антиимиграциони политичари.

Над 1 милион мигранти и азиланти достигнаа до бреговите на Европа во 2015 година, иако не се очекува сите тие да добијат дозвола да останат. Над 330 000 луѓе добија азил во ЕУ во последната година и има многу барања, кои се уште се разгледуваат.

Други 190 000 лица пристигнаа во Европа по море во оваа година. Протокот сепак се намали благодарение на договорот меѓу ЕУ и Турција.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)