26 Април, 2024
0.0286

ЈП Водовод и канализација - Скопје со поддршка на децата и младите од СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје овие денови заедно со мартовската сметка за вода ќе добијат и писмо со кое ги повикуваме по пат на доброволно донирање да ги поддржат децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години, велат од ЈП Водовод и канализација, нагласувајќи дека сега, повеќе од кога и да е, на децата им е потребно чувство на сигурност

За Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, ваквата активност покажува дека ЈП Водовод и канализација - Скопје е една од компаниите кои и во време на криза и вонредни околности, покажува добра општествена практика.

„Благодарни сме на оваа акција, која во овие тешки моменти за сите нас, ни дава надеж дека хуманоста и солидарноста опстојуваат, а луѓето и компаниите се покрај нас и продолжуваат да ни помагаат и да не поддржуваат. Она што останува непроменето е дека со помош на донаторите СОС Детско село ќе продолжи со реализација на планираните активности и во овој период, но со посебен фокус на здравјето на децата и младите, едукација во однос на коронавирусот и како да се заштитат од него, онлајн обуки и  обезбедување на можности за спроведување на тоа, како и материјална поддршка на семејствата во социјални ризици во храна и хигиенски средства“, вели Гапо.

Со оваа акција, ЈП Водовод и канализација - Скопје се придружи на СОС Суперхероите и ја поддржа нашата заложбата „Ниту едно дете не треба да расте само“.

„Уверени сме дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот и затоа Ве повикуваме и Вас да ги поддржите оние на кои помошта им е најпотребна” – велат од ЈП Водовод и Канализација  - Скопје.

Само заедно можеме да создадеме подобро општество за сите. Создадете и Вие капка среќа и капка љубов за децата и младите од СОС Детско село и донирајте онлајн на https://sos.org.mk/sos-superheroi/ или со следење на упатствата на задната страна од додатокот на мартовската сметка за вода. Останете дома и продолжете да се придржувате на препораките издадени од Министерството за здравство за доброто на сите.


Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ