Јовески: Врховниот суд ја нарушува законитоста, поднесовме барање за автентично толкување
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019
Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република на денешниот
проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховен суд за
предметите на Специјалното јавно мислење ја нарушува законитоста и ќе поднесе
барање за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната прес-конференција речле дека Собранието ќе ја расчисти конфузијата која настана со тоа до кога важат истрагите и обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство, откако Врховниот суд донесе мислење дека пред година и пол му истекол рокот на работа на ова тело.
Подоцна претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски рече дека оваа инстанца ќе ги поништи сите судски одлуки за неважечки за обвинителни акти по јуни 2017-та кои произлегуваат од случаите со прислушкуваните материјали.
- Мислењето на Врховниот суд не се заснова на пракса кога има различни одлуки. Во овие случлаи нема различни одлуки - рече денеска Јовески. Јавното обвинителство и Врховниот суд имаат разни толкувања на одредбата и затоа треба да одлучи Собранието - рече Јовески.